×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП (08.01.2020)

    08.01.2020 08:35 | KumanovoNews

     Дневен хороскоп

    ДНЕВЕН ХОРОСКОП (08.01.2020)

    Овен

    Вашите секојдневни грижи ќе продолжат и денес па дури ќе помислите и дека немате сили за да се справите со истите. Не обесхрабрувајте се, затоа што вие мора да ја преземете контролата во вашите раце, седењето на страна и неводењето грижа за вашиот живот нема да ви помогне.

    Бик

    Ако на некој му имате кажано некои лоши зборови, денес ѕвездите ќе ви бидат наклонети, па затоа обидете се да се извините. Не е срамота човек да се извини, срамота е да се прави слеп за сопствените грешки. На љубовен план, вашите избрзани реакции можат да придонесат за влошување на односите со партнерот.

    Близнаци

    Иако денес ќе сакате да ги земете работите во свои раце, сепак ќе се чувствувате малку уморно. Обидете се истото да не ги забележат вашите претпоставени. На љубовен план, кажете му на саканиот колку многу ви значи.

    Рак

    Ако денес некој од вашето опкружување не се однесува со почит кон вас, не се тргајте само настрана туку дадете му до знаење дека нема право за истото. Доколку вие не ги преземете работите во свои раце, сите ќе ве гледаат како слаби. На љубовен план ве очекува мирен ден.

    Лав

    Денес е ден кога ќе се соочите со вашите мисли, односно ден кога ќе си дадете повеќе простор за да размислувате. Кога станува збор за љубовта не заборавајте да си го вреднувате она што го имате покрај себе.

    Девица

    Вашата наивност денес може да ве однесе во сосема погрешна насока, доколку не постапувате објективно. Обидете се денес да не бидете пристрасни за што и да станува збор.на љубовен план, ве очекуваат недоразбирања со вашиот партнер кои може да ги решите само преку интимни моменти, кои во последно време ви недостасуваат.

    Вага

    Ако денес не знаете што да правите со себе, тогаш обидете се истото да не го забележуваат луѓето околу вас. Едноставно, луѓето знаат и да ја искористат туѓата ранливост. Но кога станува збор за вашиот сакан, нему можете да му споделите што ви се случува за да не го протолкува погрешно вашето однесување.

    Шкорпија

    Ако денес не се чувствувате добро, тогаш побарајте совет од некој ваш близок, затоа што вашата состојба е таква поради изнемоштеноста која ја чувствувате со недели. На љубовен план, не заборавајте дека малите работи ги прават големите нешта.

    Стрелец

    Ако сакате некого да го сакате навистина тогаш вие и мора да му дозволите да се приближи целосно до вас. Со самото тоа што постојано го оставате зад себе, вие не го штитите туку придонесувате тој да не се чувствува како дел од вашиот живот. Кога станува збор за работата, не ве очекуваат никакви промени.

    Јарец

    Вашата настојчивост понекогаш знае да биде напорна. Затоа доколку некој на работата не сака со вас да разговара, не барајте ги причините и тргнете се на страна. На љубовен план, не избегнувајте го разговорот со саканата личност.

    Водолија

    Наклонетоста на ѕвездите денес ќе биде со вас во текот на целиот ден, па што и да преземете ќе ви оди од рака. Не плашете се доколку треба да ја заземете и лидерската позиција. На љубовен план,  не очекувајте нешто да се смени, ако вие се' уште сте со истите ставови.

    Риби

    Не секогаш човек знае што да прави кога ќе се најде во некоја чудна ситуација, а токму вака вие ќе се чувствувате денес. На љубовен план, промените ќе почнете да ги чувствувате само тогаш кога ќе престанете да се плашите.