×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП (08.12.2019)

    08.12.2019 10:46 | KumanovoNews

     Дневен хороскоп

    ДНЕВЕН ХОРОСКОП (08.12.2019)

    Овен

    Имате незавршени обврски кои ви ја нагризуваат самодовербата  и влијаат врз односите со вашиот партнер и пријателите. Потребно е да превземете повеќе одговорност и да ги доведете работите на прав пат. Не се разочарувајте ако се чувствувате оддалечено од вашиот партнер.

    Бик

    Имате многу енергија, но немате идеја каде да ја насочите. Потребна ви е промена на околината. Обидете се да поминете малку време сами за да ги наполните батериите. На љубовен план ќе нема промени.

    Близнаци

    Потешкотиите низ коишто поминувате на финански план премногу делуваат на вас, а тоа ви создава и проблеми со саканата личност. Сепак партнерот е вашата најголема подршка и не е лошо во овие моменти да го следите неговиот совет.

    Рак

    Ве очекува поволен период којшто може да го искористите да започнете нова работа или нов бизнис. На љубовен план чувствувате слобода и хармонија. Ако сте слободни ве очекуваат бројни прилики за флерт.

    Лав

    Поради бројните работни обврски денес ќе немате време за љубов, па можно е да имате мал конфликт со партнерот. Сепак не грижете се, нештата ќе си дојдат под контрола кога ќе завршите со работата.

    Девица

    Денес е одличен ден за оние коишто се слободни да запознаат нова личност  и да се впуштат во авантура. Ако сте во врска, покажете му на партнерот колку ви значи. Сепак не заборавајте и на работните обврски, и обидете се да ги завршите на време.

    Вага

    Малку сте разочарани поради тоа што премногу се трудите на работа , а сепак немате некој видлив напредок во вашата кариера. Сепак финансиски сте стабилни, па не грижете се премногу. Кога станува збор за љубовта, потребно е да превземете повеќе контрола и да ги подобрите односите со саканата личност.

    Шкорпија

    Енергични сте и сакате да делувате на повеќе полиња. Сепак, потребно е да намалите со работата и да посветите повеќе време на приватниот живот. Излезете со некој пријател или блиска личност и едноставно уживајте во денот без никакви дополнителни обврски.

    Стрелец

    Имате силна потреба за љубовно зближување бидејќи сте сами подолго време. Сега е вистинско време за започнување на нова романса, па ако ви  се отвори можност не испуштајте ја истата. На работа можно е да наидете на неочекуван проблем.

    Јарец

    Денес приредете му изненадување на вашиот партнер. Имате одлична можност да ги подобрите односите, па искористете го денот да посетите некое место на коешто одамна не сте биле. Не грижете се премногу поради неодамнешните финансиски проблеми, работите полека ќе се средат.

    Водолија

    Ве очекува зголемување на работните обврски што секако ќе има огромно влијание на вашето расположение. Сепак, обидете се да ги контролирате емоциите за да не ги влошите односите со вашиот партнер кои и така не се најдобри. Сконцентрирјате се на работата и обидете се да завршите во најкраток можен рок.

    Риби

    Денес ќе добиете пријатни вести коишто ќе ви го подобрат расположението и позитивно ќе влијаат врз вас. Закажете средба со пријателите и искористете го денот за прошетка затоа што сите работни обврски ви се завршени.