×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП (1.6.2020)

    01.06.2020 07:19 | KumanovoNews

    Дневен хороскоп

    ДНЕВЕН ХОРОСКОП (1.6.2020)

    Овен

    Доколку сакате да ја сочувате вашата позиција на работата, тогаш мора да го прифатите  и мислењето на другите. Ништо не можете да направите самостојно.

    Обидете се да не правите илузии кога станува збор за љубовта. Бидете реални и искрени и во очекувањата и во плановите

    Бик

    Во последно време соработниците постојано ви наоѓаат маани, затоа што сте насочени само кон  себеси. Доколку навистина сакате да опстанете финансиски, тогаш ќе мора да склучите заеднички договор.

    Постојано се обидувате да направите нешто со кое ќе си ги разрешите љубовните дилеми. Денес, започнете од вас.

    Близнаци

    Денес обидете се да не бидете прегорди, односно да не бидете со ставот дека вие имате неверојатен потенцијал за да ги решите работите. И покрај вашето знаење и искуство, сепак тимската работа е многу значајна.

    Сакате да ги подобрите односите со партнерот. Бидете малку поажурни и со план.

    Рак

    Не трчајте пред време. Почекајте пред да донесете одлука, денес вашата самостојност може да ви се удри од глава.

    Чувствувате емотивен занес, кој се обидувате да го усмерите правилно.

    Лав

    Делувате брзо и не сакате никој да ви ги негира вашите достигнувања. Денес сте посебно мотивирани да успеете кога станува збор за работата.

    Неопходен ви е семеен мир и поддршка од партнерот за да успеете да воспоставите баланс во животот.

    Девица

    Вие сте премногу заинтересирани за начините како да го постигнете она што го сакате. Денес ќе се насочите кон учење на стратегии како да дојдете до целта.

    Доколку емоциите ви го надвладуваат разумот, не се чувствувајте чудно. Искористете го занесот за да уживате во љубовта.

    Вага

    Важно ви е да се прилагодите професионално и да  го добиете заслуженото. Само обидете се да бидете потрпеливи.

    Во врската ви пречи контролата и се обидувате да дојдете до поголема слобода.

    Шкорпија

    Денес ќе се насочите кон завршување на вашите обврски бидејќи ќе сакате да ставите крај на недовршените работи кои ви го пореметуваат мирот.

    Кога станува збор за љубовта, денес ќе ви недостига емотивен занес, односно она "нешто" коешто прави да се чувствувате еуфорично и немонотоно.

    Стрелец

    Делувате позитивно и се обидувате да постигнете што е можно повеќе. Вашата снаодливост ќе придонесе да се чувствувате посигурно на работата.

    Партнерот сака да ви наметне некои свои љубовни размислувања, но вие се водите според вашите правила.

    Јарец

    Пренатрупани сте со работните обврски и не знаете кон кого и што да се свртите. Не бидете арогантни кон останатите, само затоа што имате понапорен ден.

    Иако внимателно ја анализиравте саканата личност, сепак сега сметате дека некои интереси никогаш нема да можете да ги споите.

    Водолија

    Имате впечаток дека ви претстои нов успех, односно подобро справување со тековните постапки. Само бидете фокусирани и претпазливи.

    Иако се наоѓате во некоја чудна љубовна ситуација, сепак погледнете и објективно на работите.

    Риби

    Сакате да се изборите за нови професионални можности, па делувате многу убедливо. Бидете истрајни до крај.

    Бидете малку претпазливи со партнерот, тој ве следи со "будно око".