×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП (11.6.2020)

    11.06.2020 07:07 | KumanovoNews

     Дневен хороскоп

    ДНЕВЕН ХОРОСКОП (11.6.2020)

    Денеска вашата креативна енергија ќе биде вклучена на најсилно, па ќе давате идеи во еден здив. Како и да е, голем дел од идеите ќе бидат прифатени.

    Делувате расположено кога станува збор за експериментирање на љубовното поле.

    Бик

    На работата интуитивно ќе знаете дека нешто не се одвива како што треба. Престанете да ја барате вината само во себе, затоа што денес вие ќе бидете најмалку виновни.

    Кога станува збор за вашиот партнер ќе имате чувство дека се случува нешто чудно, но не претерувајте. Само бидете претпазливи.

    Близнаци

    Потребен ви е малку посилен авторитет на работата. Вашата самоувереност понекогаш може да биде ваша силна страна, а не препотентност.

    Обидете се да го ускладите и времето и мислењата со вашиот партнер.

    Рак

    На професионалното поле денес ќе се соочите со луѓе кои ќе сакаат да ја дискредитираат вашата положба. Бидете претпазливи.

    Вашиот партнер ќе ви забележи дека сте беспотребно еуфорични. Не занемарувајте ги неговите коментари, зашто може да бидат сигнал за некој негов сомнеж.

    Лав

    Некои работи делуваат премногу негативно на вас. Оддалечете се и погледнете како делува пошироката слика.

    Не очекувајте дека проблемите ќе се решат сами по себе, преземете иницијатива.

    Девица

    Не губете си го времето со некои беспотребни работи. Доколку не сте задоволни со вашата сегашна ситуација, таа нека биде ваш поттик за понатамошна работа.

    Бидете поодлучни кога станува збор за реализирање на некои заеднички планови со вашиот партнер.

    Вага

    Не занемарувајте ги новите информации кои доаѓаат до вас. Вие треба да бидете во тек со работите, без разлика на вашето успешно професионално минато.

    Постои силна врска која ве враќа кон некоја личност од минатото.

    Шкорпија

    Како и сите ваши соработници и вие денес ќе се обидувате да го зацврстите вашето работно место. Сакате да докажете дека вие навистина сте вистинскиот избор.

    Кога станува збор за љубовта претерувате со вашите барања кои создаваат постојани конфликти со вашиот партнер

    Стрелец

    Недоразбирањето кое постои помеѓу вас и вашите соработници не е затоа што вие немате почит едни кон други, туку зашто сите се обидуваат да си  го зацврстат своето работно место.

    Оставете го минатото за вас, ако сакате да имате дури и некоја подалечна иднина со некој кој ви се допаѓа.

    Јарец

    Не бидете премногу лекомислени на работата, затоа што колегите околу вас тоа можат да го искористат за ваше "омаловажување". Вашите идеи кажувајте ги само на вистинското место.

    Задржете го она што го имате, никој не е совршен.

    Водолија

    Иако имате одлични идеи, некој од вашите соработници на нив гледа како на беспотребно потрошено време. Не губете си ги нервите, повлечете се и чекајте го вистинскиот момент.

    Не се спуштајте секогаш неколку скалила надоле, денес преиспитајте си ги критериумите кога станува збор за љубовта.

    Риби

    Не ги доведувајте во прашање колегите кои секогаш биле тука за вас и со совет но и со финансиска поддршка. Вашето надмено однесување може да ви донесе непријатности.

    Некој нема време за губење и директно ви дава до знаење дека му се допаѓате.