Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Дневен хороскоп (12.09.2020)
Овен
Денес e вашиот ден, надвор од работата ќе го исполни вашето инстинктивно делување. За се' што ќе ви се случи, нема многу да размислувате туку ќе им се препуштите на инстинктите. Инаку, можни се некои емотивни реакции во склоб на семејството.
На работното поле некако ќе чувствувате притисок од вашето опкружување. Дури на моменти ќе помислите и дека ви претставуваат пречка за сорвшенството кое сакате да го достигнете во одредена работа.
На љубовно поле, денес ќе сакате да му ги искажете вашите чувства на вашиот сакан, но обидете се истото да му го објасните ако има потреба, затоа што сето тоа за него ќе биде неочекувано.
Бик
Ќе имате повеќе работа од вообичаено, а многу помалку време, но тоа за вас нема да претставува никаков проблем.
На работата, иако нема се' да ви оди од рака, потсете се на тоа дека вие најубаво работите сами, па како помош од другите гледајте да побарате само совет.
Вашиот љубовен живот, релативно ќе биде мирен. Ниту премногу радост ниту премногу тага! Зарем мистеријата не е токму во тоа-да се пронајде мерата? Тогаш уживајте во истото. Исто така, доколку запознаете некој кој ќе ви се допадне, не одете "на прва".
Близнаци
Вашиот хороскопски знак е знак кој поседува повеќе вештини и тоа сите го забележуваат каде и да заминете. Доколку, некогаш си дадете одмор, никој нема да ви замери за истото или пак тоа да го смета за неодговорност, зашто на крајот на краиштата и вие сте само еден обичен човек.
На работата можно е да бидете вие оној кој ќе засвети, затоа што за вас лидерската позиција никогаш не била проблем. Доколку некој на работата "заглави" на одредено место, помогнете му.
Денес во вашето "љубовно поле" ќе бидете самите вие. По подолг период ќе се посветите на вашата убавина и вашите интереси. Бидејќи истото ќе ви донесе радост, споделете го со вашиот партнер.
Рак
Во текот на денот ќе се "фатите во ситуација" како од луѓето околу вас барате повеќе од она што и вие самите можете да им го дадете. Можеби е време да застанете за миг и да размислите дали е тоа во ред.
На работата, ќе се одрази вашата пасивност, денес ќе чувствувате особена потреба за одмор.
Можеби денес нема да бидете расположени за љубовен состанок, односно во текот на целиот ден ќе бидете напнати и нервозни. Бидејќи и самите сте свесни за својата негативна енергија, можеби најдобро е да останете дома. Оној кој е со вас, треба да знае да ја разбере вашата напнатост.
Лав
Во последно време, вие сте оној кој јасно и гласно кажува што сака. Размислете за истото, можеби кај вас потсвесно да се создава желба вие да бидете шефот на работата, па работата ја носите и дома со вас.
На работата е можно да добиете некој некорисен совет, затоа пред нешто да примените обидете се да го проверите.
Вие не сакате да прифатите дека имате проблем во љубовниот живот. Одреден период како и на вас самите да не ви е јасно за што станува збор, но денес наклонетоста на ѕвездите ви овозможува да го разјасните "проблемот".
Девица
За девиците, ова е денот кога на страна треба да го остават сонувањето за да можат да се спуштат на земјата. Дури и птиците иако слободно летаат некогаш ги собираат крилјата и се спуштаат на земјата.
На работата обидете се да ги сослушате и другите. Не е важна само вашата страна и не е исправна само таа.
Денес, ќе бидете прилично нерасположени. Односно, голема е веројатноста повторно да ви се вратат мислите од минатото. Доколку сте во врска, обидете се истото да го занемарите, затоа што не може да дозволите минатото да ви ја уништи сегашноста која има потенцијал за убава иднина.
Вага
Иако како хороскопски знак, вам главната карактеристика ви е да мерите, сепак како во последно време се' да превагнува на една страна. Не бидете тврдоглави, сослушајте ја и другата личност до вас која на мирен начин ви го кажува нејзиното мислење .
Денес, на работата обидете се да се потпрете на сопствениот грб, затоа што верувањето на туѓите зборови може да ви донесе дополнителни непријатности.
На љубовното поле, веќе подолго време со вашиот партнер кроите планови за иднината. Седнете и поразговарајте за истите, сетоа тоа може во вечерните часови да ви донесе доста романтични мигови.
Шкорпија
Овој ден за вас ќе биде еден спектар од најразлични емотивни состојби. Во еден миг љубомората како да ќе ги преплави сите нив. Обидете се да го исконтролирате тоа, па од истото и да научите лекција.
На работата нема да им давате важност на различните идеи. Но запомнете: вие може да го имате знаењето, но мудроста се постигнува со годините и искуството!
Иако сте срамежлива личност, денес пеперутките во вашиот стомак како да ќе сакаат да полетаат. Убаво е човек понекогаш да се ослободи од прангите на ограничувањата.
Стрелец
Преуморни сте во последно време? Да, вие можете се' да издржите. Но, дали сте размислиле дека секоја батерија се полни, целосно, кога ќе ја оставите да мирува? И вие заслужувате "да си ги наполните вашите батерии на мир".
На работното поле ќе имате извонредни идеи, не дозволувајте никој да ве блокира.
Денес, вашата планетарна поставеност ќе ви донесе посериозна порака во однос на состанокот кој треба да го имате. Но, не паничете веднаш! Сето ова може да излезе многу позитивно, ако си дадете можност да поразговарате за заедничките работи кои ве интересираат.
Јарец
Денес, ќе зрачите со позитивна енергија и ќе сакате истата да ја пренесете и на другите. Можеби денес е денот кога треба да го исполните она нешто кое го сакавте во последно време.
На работата обидете се да не донесувате некои значајни одлуки, зашто постојано ќе ви недостастува некое делче од сложувалката.
На љубовното поле ве очекува "слатка преокупираност". Односно и самите ќе станете свесни дека сакате да поминувате време со вашиот сакан и дека истото е неопходно за меѓусебно разбирање. Затоа, доколку имате партнер гушнете го и уживајте во "слушањето на отчукувањата на неговото/нејзиното" срце.
Водолија
Денес во вашето опкружување ќе се наоѓаат децата. Без разлика на вашиот статус, уживајте во детската искреност, зашто само нивните очи знаат да гледаат без завист.
На работата обидете се да воспоставите интерактивен однос, т.е помагајте им на другите и дозволете тие да ви помогнат на вас.
Кога станува збор за љубовта не се исклучува можноста да бидете малку посериозни и да се обидете да ги разрешите нејаснотии те поврзани со личноста која ви значи. Дури и ако ви е потребен потсетник, направете го истото. Кој не помни, одново проживува исти работи!
Риби
Иако во последно време постојано имате некои поголеми планови "за до го спасите човештвото", денес не правете го истото. Понекогаш е доволно и само да му помогнете на вашиот близок пријател, па нештата исто да имаат смисла.
Може нема да бидете премногу заинтересирани за работата, зашто во последно време повеќе сте им посветени на шегите, но сепак "задачата си е задача".
Сакавте подолго време да го кажете она коешто ве мачеше? Тогаш, денес изговорите го. Доколку пак забележите дека вашата сакана личност истото го смета за непотребно оптеретување, тогаш размислете дали сте со вистинската личност. Основното начело за љубовта е меѓусебното почитување.