×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП (12.6.2020)

    12.06.2020 08:00 | KumanovoNews

     Дневен хороскоп

    ДНЕВЕН ХОРОСКОП (12.6.2020)

    Овен

    Денес е ваш ден! Во се' ќе бидете во предност, искористете го тоа и не двоумете се да ги покажете вашите квалитети.

    Ве очекува романтичен викенд.

    Бик

    Денес ќе сакате да ги воодушевите сите околу вас, меѓутоа не зборувајте нешто кое не го мислите. Тоа сите ќе го забележат.

    Вие сте со добра волја да направите се' за да нема недоразбирање со вашиот партнер.

    Близнаци

    Вие сте знак кој остро знае да ги брани своите идеи и да не се откажува од нив. Единствено треба да внимавате на вашата строгост.

    Не обвинувајте го партнерот за некои донесени одлуки, размислете дали тоа било заеднички компромис.

    Рак

    Не претерувајте кога станува збор за работата. Прифатете ги советите и од другите.

    Овој ден оставете ги расправиите на страна, без разлика на расположението на вашиот партнер. И вие заслужувате ден за одмор.

    Лав

    Обидете се да бидете пообјективни на работата и да се однесувате според вашите финансии. Можеби вие навистина сакате да имате повеќе пари, но она што сега го имате почитувајте го.

    Вашата вознемиреност ја забележува и вашиот партнер.

    Девица

    Денес ќе сакате да направите некој чекор на работата со кој ќе се поместите од "мртвата точка", но тоа ќе биде многу тешко.

    Без разлика колку и да се обидувате, партнерот ќе забележи дека криете нешто од него.

    Вага

    Колегите околу вас денес ќе бидат заинтересирани за вашето мислење, затоа што во ракавот ќе имате "резервен клуч". Тоа ќе придонесе за зајакнување на вашата положба во професијата.

    Партнерот негодува зошто не си стоите на збор.

    Шкорпија

    Денес ќе бидете одлучни за да ја истерате работата докрај и затоа на колегите нема да им бидете омилени. Меѓутоа, тоа нема да ве сопре да го завршите науменото.

    Кога станува збор за љубовта, обидете се да бидете пошармантни и порелаксирани во односот со партнерот.

    Стрелец

    Денес плановите кои ги имате направено можат да ви тргнат во спротивна насока, затоа навреме бидете спремни за промени и компромиси.

    Кога станува збор за љубовта, внимавајте на вашите зборови, подоцна може да се покаете.

    Јарец

    Без разлика дали вие имате поразлични ставови од луѓето околу вас, тоа не значи дека нивните се целосно погрешно. Сослушајте ја и другата страна за да ја имате целосната слика.

    Бидете попретпазливи затоа што денеска би можело да дојде до расправија со вашиот партнер.

    Водолија

    На работата денес може да се случат некои промени на кои ќе ви биде малку потешко да се адаптирате. Меѓутоа, со работа се' е можно.

    Кога станува збор за љубовта не заборавајте дека некогаш е неопходно да се преземат одредени ризици.

    Риби

    Мислите дека сте далеку попаметни од вашите колеги и сакате да бидете порелевантен извор кога станува збор за донесување на одлуки. Тоа ќе се забележи и по вашето однесување

    Не бидете премногу строги кога станува збор за љубовта.