Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Дневен хороскоп
Овен
По долги превирања, денес конечно ќе го кажете вашето мислење.
Оставете ги вашите чувства да зборуваат за вас, не мора секогаш да се објаснува со зборови, па истото да се патетизира.
Бик
Ако сакате да продолжите од таму каде што сте застанале, присоберете се денес и гледајте напред, а не во минатото.
Секодневните размислувања за љубовта ве водат во ќорсокак, најубаво е да се опуштите и да видите што ви следува.
Близнаци
Вашата нерасположеност денес нема да се должи на ништо друго, освен на работата. Престанете да се однесувате детски. Присоберете се и не ја покажувајте слабата страна.
Вашиот партнер чувства мал притисок од вас.
Рак
Не плашете се од љубовта, таа е нож без острици, само од вас зависи што ќе направите од неа.
Не калкулирајте со вашите емоции и ставови, покажете го она што навистина го чувствувате.
Лав
Утрово се разбудивте нерасположени и полни со желба за крај на неделата. Не дозволувајте одредени негативни работи да влијаат на вашето секојдневје, затоа што се` во животот е минливо.
Не однесувајте се незаинтересирано за саканата личност.
Девица
Вашиот став денеска ќе оменке и ќе почнете да ги прифаќате и сугестиите на другите.
Нема да имате време за љубовта.
Вага
Вашиот економски статус не е во најдобра состојба и тоа ви предизвикува проблеми. Не сте заинтересирани за работите околу вас, бидејќи имате еден тон свои грижи.
Сакате да допрете подлабоку до вашиот партнер, меѓутоа тој како да се крие и самиот од себеси.
Шкорпија
Насочете се кон она што денес ви е приоритет. Оставете ги празните муабети на страна и направете го она што најмногу ќе ви ги смени работите во моментот.
Без разлика дали вие сакате или не, денес вашиот партнер ќе си постапува според неговите убедувања.
Стрелец
Остваете ги негативните работи на страна и погледнете ѝ на убавината во очи. Ништо нема да се смени ако се затворите во четири ѕида и чекате милост од некој. Никогаш не заборавајте дека вие сте си и свој исцелител и свој џелат.
Вашите емоции во последно време се значително „помеки“.
Јарец
Животот е она што вие го живеете. Затоа гледајте ѝ на вистината во очи, соновите оставете ги за подобри времиња.
Во љубовниот живот не ве очекуваат посебни промени, сиитуацијата е иста како и претходните денови.
Водолија
Она што се случувало минатите недели е вашето минато, денес согледајте ја реалната ситуација на работата и ориентирајте се според тоа. Иако никој не сакаме да признаеме, сепак сегашноста знае да биде доста променлива, затоа никогаш не потценувајте го сегашниот момент на сметка на минатиот или идниот. Работите се менуваат од миг во миг.
Риби
Оставете ги секојдневните превирања со вашето семејство на страна и бидете она што навистина сте. Не дозволувајте да бидете нечија негативна прокеција, само затоа што луѓето од вашата околина се негативни.
Љубовните кавги обидете се да ги сведете на минимум, ако веќе не можете да ги одбегнете. Кавгите не ви носат никакво решение и вие за тоа сте свесни.