18. 10. 2020 09:42

ДНЕВЕН ХОРОСКОП (18.10.2020)

ДНЕВЕН ХОРОСКОП (18.10.2020)

 Дневен хороскоп

Овен

Некои ситуации денес ќе ви делуваат збунувчки. Во еден момент нешто ќе ви недостига, но вие нема да знаете што е тоа.  Денес, најправилно е да сте претпазливи за да не дојде до несакани ситуации. Кога станува збор за љубовта, денес ќе размислувате за вашата иднина со партнерот.

Бик

Денес ќе бидете со променливо расположение. Во еден момент се' е биде како што треба, но во наредниот момент ќе се чувствувате сосема потиштено. Денес, нема да ви се исполнат сите планови кои си ги имате испланирано. Инаку, на љубовен план, денес ѕвездите ви предвидуваат нагласена романтика.

Близнаци

Нема да можете да се снајдете и на двете полиња и на работата и на љубовното поле. Некако работата ќе ја замените за љубовта но пак од друга страна и од таму нема да сте задоволни. Па затоа ќе дојдете во состојба кога дури и ќе побарате совет од некој ваш близок.

Рак

Премногу очекувате од другите, кога станува збор за вашите колеги или пријтели. Иако денес ќе се надевате дека тие ќе ви помогнат, но сепак тоа нема да се случи. Едноставно денес не е вашиот ден. Но, пак затоа на љубовното поле денес ве очекуваат поинтензивни и романтични чувства. Уживајте во тоа.

Лав

Повеќе ќе бидете сконцентирани на вашите финансии. Во последно време колку и да се обидувате да заштедите, на крајот на краиштата ништо не излегува како вие што сте планирале. Сепак посветете и се денес на вашата сакана личност, затоа што со право ќе ви негодува дека во последно време ја имате запоставено.

Девица

Мислите дека сте сосема спремни да завршите се' што ќе посакате. Но тоа ќе биде зависно и од помошта на вашите најблиски, која нема да ја добиете за жал. Понекогаш имате преголеми очекувања, но не секој е како вас. На љубовното поле, ве очекува одличен ден.

Вага

Збунети сте од новонастанатите ситуации, па затоа целосно ќе се посветите на тоа што се случува во вашиот живот и ќе бидете сосема претпазливи. Свесни сте дека заканата демне од негде, но не знаете од каде. Инаку, денес вашиот партнер можно е да ви се налути, затоа што ќе се чувствува многу занемарено. Обидете се да поминете малку повеќе време со саканата личност.

Шкорпија

Денес ќе сакате се' да ви оди од рака, но на некој начин тоа нема да е можно. Оставете ги работите какви што се. Вашата непродуктивност особено ќе биде нагласена во претпладневните часови. Инаку денес вашите мисли ќе се насочени кон некоја личност која ви се допаѓа, па дури и ќе сте склони кон фантазирање.

Стрелец

Нема да можете да се снајдете и во најосновните обврски. На некој начин дури и ќе се чувствувате како  да не сте способни. Можеби затоа најдобро е денот да го завршите со вашето семејство во мирна атмосфера. Спокојот некогаш знае да лекува.

Јарец

Обврските се таложат, а вас никој не ве прашува дали имате време и од каде е вашата физичка сила. Сето ова денес ќе ве прави особено нервозни. Па дури во еден момент ќе сакате да кренете раце од се'. Меѓутоа, ако кревате раце од работата, немојте и од љубовта, денес ве очекуваат романтични моменти.

Водолија

Денес е денот во кој можете да заработите пари. Но затоа треба да бидете итри, а не наивни. Инаку,во текот на вечерта иако ќе имате планови за излегување истите ќе ги откажете, за да поминете мирно и убава вечер со вашата сакана личност.

Риби

Во текот на овој ден ќе ве пратат негативни чувства, а сето тоа ќе придонесе и да бидете попасивни и поспори. Како и да е, се ближи крајот на викендот. Само обидете се со нова енергија да ја започнете следната недела. На љубовното поле вашите чувства ќе бидат поинтензивни.

2008 - 2019 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk