×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП (20.5.2020)

    20.05.2020 06:42 | KumanovoNews

     Дневен хороскоп

    ДНЕВЕН ХОРОСКОП (20.5.2020)

    Овен

    Оставете се' на страна. Заборавете на работите коишто ве измачуваат и живејте го денот со позитивна мисла. Никој друг не може и нема да биде позитивен за вас.

    Вашиот љубовен живот, страда поради вашата негативност.

    Бик

    Денеска другите ќе ве потсетат колку е важно да не заборавате и на нив. Ќе ве потсетат дека ништо во животот не можете сами.

    Посветете се на потребите и на вашето семејство.

    Близнаци

    Денеска не си ги трошете беспотребно зборовите. Направете го она што сметате дека е потребно и не оптеретувајте ги останатите со вашите проблеми.

    Во главата ви се вртат мисли кои не сакате да ги изустите. Размислете двапати пред да пресечете.

    Рак

    Ако не ставите крај на она што ве измачува, тогаш тоа никогаш и нема да престане да биде ваш проблем. Денеска е денот кога можете да пресечете.

    Вашиот љубовен живот во последно време не е на некое завидно ниво и поради тоа се чувствувате несигурно.

    Лав

    Вашата своеглавост понекогаш знае да биде и добра поддршка за саканата личност. Денес ќе сакате да и' укажете колку многу греши за некоја нејзина одлука.

    Обидете се да не влијаете премногу строго кон останатите, некогаш некој не е спремен да се соочи со вистината.

    Девица

    Светот околу вас почнува да се стабилизира, но вие и понатаму не можете да се мрднете од место.

    Размислете за промена на вашето расположение за да дојдете до промената во животот, којашто сакавте да ви се случи.

    Вага

    Иако се обидувате да бидете одговорни и да ја преземете одговорноста во вашите раце, луѓето околу вас тоа се' помалку го вреднуваат.

    Престанете да бидете дел од толпата и на тој начин да се загрозувате самите себеси.

    Шкорпија

    Доколку сакате да ја продолжите врската за која во последно време бевте загрижени, тогаш мора да бидете сигурни дека има согласност и од двете страни. Поинаку, не може.

    Поставеноста на вашите ѕвезди денес ви предвидува убаво расположение, затоа искористете го тоа за да дојдете до она што навистина го сакате.

    Стрелец

    Денес ќе се чувствувате порелаксирано во споредба со другите денови. На некој начин ќе чувствувате дека сите работи си доаѓаат на свое место.

    Партнерот ќе го ставите во втор план и ќе се посветите на себеси.

    Јарец

    Доколку не престанете да се однесувате негативно, тогаш не можете да очекувате дек ќе ви се случи нешто убаво.

    Вашите очекувања стануваат фрустрирачки и поради фактот што и самите придонесувате за тоа.

    Водолија

    Вашата шармантна природа и леснотијата, денес ќе дојдат до израз и тоа ќе ги привлекува луѓето околу вас.

    Вашата страствена енергија може да го предизвика и вашиот партнер.

    Риби

    Светото околу вас се менува со брзината на светлината, а вие стоите во место. Вашата несигурност се' повеќе и повеќе придонесува за ваше уназадување.

    Вашиот партнер може да ви биде поддршка, но не мора да значи дека мора да ви биде и „вреќа за боксување“.