×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП (21.2.2020)

    21.02.2020 08:52 | KumanovoNews

     Дневен хороскоп

    ДНЕВЕН ХОРОСКОП (21.2.2020)

    Овен

    Денес не е поволен ден за работа, но и онака не очекувате некои поважни случувања. Ќе се чувствувате вознемирени и вашиот партнер истото може да го протолкува погрешно, внимавајте на брзоплетоста.

    Бик

    Денес можете да решите нешто што ви е важно на работата, ќе имате нови можности и идеи. Овој ден ќе сте полни со страст и нема да сакате да заврши денот.

    Близнаци

    Некоја нова идеја ви се врти во мислите и едвај чекате да ја предложите на некој. Денес на љубовно поле очекувајте вашето внимание да го привлечат хороскопските знаци Овен и и Водолија.

    Рак

    Денес не избрзувајте со одлуките околу работата, затоа што подолго време не сте задоволни од условите. Прво размислете, па потоа делувајте. Во текот на овој ден, може да почувствувате љубомора од страна на вашиот партнер, но со солзите ништо нема да решите.

    Лав

    Денес е поволен ден за работа, но немојте да се форсирате. Веќе не ви е јасно што сака вашиот партнер, па додека ги чекате неговите сигнали можно е некој друг да го привлече вашето внимание.

    Девица

    Денес на професионалното поле ќе сфатите што треба да направите за да решите некој проблем. Но, сепак нема да преземете никаква акција. Во текот на денот, ќе се чувствувате стабилно и ќе можете да поразговарате со саканата личност за проблемите кои ве мачат.

    Вага

    Некој денес може да ви негодува поради вашето однесување на работата иако вие нема да имате лоша намера. Нема да бидете задоволни со она што го чувствувате на љубовното поле и ќе можете да наброите еден куп причини зошто не треба да бидете со партнерот. Но не донесувајте одлука со топла глава.

    Шкорпија

    Не очекувајте од небо да ви падне нешто со што ќе ги решите проблемите на работата. Добар ден за љубовта, стабилни и мирни односи за зафатените, додека слободните припадници ќе бидат исполнети со целосна страст.

    Стрелец

    Денес можно е да се договорите со некој за финансискиот дел од животот што ќе ви донесе олеснување. Не сте сигурни како да реагирате на некои однесувања, но што и да правите прво размислете. Партнерот не е задоволен со вашето однесување.

    Јарец

    Денес ќе бидете негативно распоожени, но тоа не е добра формула за успех на работата. Обидете се да го смените расположението уште на почетокот на денот. Претерано сте емотивни и раздразливи, партнерот што и да направи нема да ви се допадне.

    Водолија

    Иако вие не знаете за каков проблем станува збор, сепак колегите околу вас не се чувствуваат пријатно. Поразговарајте за истото. Малку сте нервозни, па дури и ќе размислите да го проверите вашиот партнер. Не избрзувајте со одлуките.

    Риби

    Денеска работите на професионалното поле може да ги решавате интуитивно, затоа послушајте се себеси. На љубовното поле нема да се случи ништо фантастично, но ќе имате мирен ден во кој ќе ви биде важно да им покажете на луѓето колку ви значат.