×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП (21.8.2020)

    21.08.2020 07:33 | KumanovoNews

     Дневен хороскоп

    ДНЕВЕН ХОРОСКОП (21.8.2020)

    Овен

    Вашата интуиција честопати знаела да биде точна, па затоа послушајте ја и денес. Не одете онаму каде што чувствувате дека не ви е местото.

    Денеска, ќе сакате да го поминете денот во кругот на луѓето кои сакаат да ве сослушаат.

    Бик

    Вашите секојдневни несогласување со некоја личност која се наоѓа во вашата близина, денес може интензивно да се влошат. Затоа избегнувајте такви ситуации.

    Поддршката која ја немате од вашата сакана личност е она што ве кочи во промената.

    Близнаци

    Иако целата работна недела ви започнуваше уморно и ненаспано, овој ден ќе ви започне и тоа како будно. Но, будно од аспект на преиспитување за тоа кој и колку се грижи за вас и дали воопшто некој треба.

    Во деновите кога сте несигурни со/во себе најголем дел од времето сакате да го поминувате сами.

    Рак

    Ако денес нешто ви недостасува тоа ќе биде наспаноста. Вашето тело ќе се чувствува уморно, по напорната работна недела. Најдобриот начин за одмор, освен сонот е мирот во вашиот дом.

    Премногу луѓе влегуваат во вашиот љубовен живот,.

    Лав

    Денес ќе се чувствувате изморено и нема да имате толеранција за луѓето околу вас. Ќе сакате само мир и тишина.

    Размислете дали навистина правите се за саканата личност.

    Девица

    Овој ден премногу ќе ветувате, а премалку ќе можете да исполните. Внимавајте, неисполнетото ветување е најдобра основа за сеење на недоверба.

    Не секогаш сте само вие жртвата кога станува збор за љубовта.

    Вага

    Овој ден ќе ви недостига мотивација за извршување на обврските. Ќе сакате да сте на некое друго место и во друго време. Секојдневните маки целосно ви ја одземаат енергијата.

    Доколку некој навистина ве сака, нема да има проблем да ве погледне и во такво расположение.

    Шкорпија

    Напорните денови честопати знаат да бидат основа за караници. Меѓутоа, денес ќе видите кои луѓе и покрај вашето негативно расположение ќе успеат да ве истрпат.

    Во последно време многу помалку имате доверба во саканата личност.

    Стрелец

    Не барајте промени онаму каде што сте свесни дека нема да се случат,  бидете реални со очекувањата од некои луѓе.

    Иако сакате да сонувате за љубовта, сепак знаете дека и таа во основа е многу практична работа.

    Јарец

    Никој од вас не бара да бидете херој, но очекува да се потрудите. Овој ден иако ќе сакате да се одморите, сепак ќе им бидете потребни на луѓето околу вас, па затоа обидете се да соберете сили.

    Пред да го вперите прстото во партнерот, прво вперете го кон себе.

    Водолија

    Работите во најголем дел не се одвиваат како ние што сакаме, но зарем тоа не е светот на возрасните во кој вие сакавте да пораснете? За одредени работи мора да бидете посериозни.

    Не очекувајте другите да имаат разбирање за вас, ако вие немате за нив.

    Риби

    Светот е поле во кое човек мора да се бори за да опстане, затоа имајте ја невиноста на јагнето, но не дозволувајте да бидете „изедени“.

    Поминете ја вечерта со саканата личност, ќе ви го подобри расположението.