×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП (23.10.2020)

    23.10.2020 07:40 | KumanovoNews

     Дневен хороскоп

    ДНЕВЕН ХОРОСКОП (23.10.2020)

    Овен

    Денес ќе бидете особено одговорни кога станува збор за вашите обврски. Сосема ќе бидете свесни за сите обврски кои ве чекаат. На љубовен план ќе бидете задоволни.

    Бик

    Овој ден ќе ви донесе полесен пристап до работата и до колегите. Нема да чувствувате одредени потешкотии при извршување на обврските. Исто така ви претстојат убави вечерни моменти со партнерот, а пак на слободните припадници им се препорачува да останат дома со своите најблиски, затоа што денес ќе имаат потреба од мир и спокојство.

    Близнаци

    Одлично расположение во текот на целиот ден. Со леснотија ќе ги завршите работите, па дури ќе бидете и мотивирани да им помогнете и на другите. На емотивен план, денес исто така ќе се трудите околу вашиот сакан, па можно е и да размислувате како да го изненадите.

    Рак

    Некои околности воопшто нема да ви одговараат, но ќе бидете истрајни затоа што ќе знаете дека околностите не се во ваша корист. Исто така, денес ќе чувствувате одредена љубомора кога станува збор за вашиот партнер, но обидете се да ги контролирате чувствата. Никој не сака сцени безпотребно.

    Лав

    Пред да донесете некои одлуки, препорачливо е да ги процените луѓето со кои доаѓате во контакт или треба да почнете да соработувате. Кога станува збор за љубовта денес ќе се чувствувате сомничави и нема да имате енергија како претходните денови. Она што треба да го направите е да поразговарате со партнерот, но внимавајте на пристапот.

    Девица

    Денес ќе треперите да не ви се растурат плановите кои ги имате направено овие денови. Не плашете се, вие го подготвите теренот, сега треба да ги чекате резултатите. На љубовен план ве очекуваат флертувачки погледни со некоја личност која подолго време ја познавате, а ви е само пријател.

    Вага

    Блага неодлучност и несигурност во текот на овој ден која ќе ви трае дури и до попладневните часови. Меѓутоа, денес дури и вашиот партнер ќе ви изгледа нестабилен затоа што ќе забележите дека не си стои на зборот, не критикувајте премногу и тука станува збор за премногуте обврски. Седнете и поразговарајте, караницата е најлесниот начин, но не и решение.

    Шкорпија

    Во текот на овој ден нема да бидете особено љубезни кон луѓето, па дури и ќе ви замерат за начинот на кој комуницирате. Едниствено оправдување ви е вашата преоптеретеност со работата. На емотивен план денес ве очекуваат убави моменти, па дури и ќе запознаете некоја нова личност која ќе ви го привлече вниманието.

    Стрелец

    Иако во последно време сте премногу ангажирани на работата, сепак време е да успорите затоа што секој избрзани корак ве враќа два корака назад. На љубовно поле, денес се препорачува да излезете со вашиот партнер на прошетка или пак да излезете заедно со вашите пријатели и него и да се забавувате.

    Јарец

    Вашата енергија во текот на овој ден во целост ќе биде ускладена. Вие ќе знаете што треба а што не треба да правите. Време беше и на вас денот да ви тргне организирано. На емотивно поле ќе се чувствувате сосема задоволни, па дури и ќе изразите особена потреба да бидете до личноста која во последно време ви ги окупира мислите.

    Водолија

    Имате огромна поддршка од колегите или некој кој многу ви значи. Затоа нема да имате проблем ниту со работата ниту на емотивното поле. Дури и само две-три убави реченици од вистински луѓе можат да ви го сменат целосниот тек на денот.

    Риби

    Не загрижувајте се доколку денес морате да направите некој компромис на работата. Едноставно тие се условите и вие ќе мора да размислувате за нив. Кога станува збор за љубовта, денес ќе чувствувате блага несигурност и во вашите чувства и во чувствата на вашиот партнер. Не се загрижувајте, едноставно потребно ви е време за самите себе, но во текот на ноќта во никој случај не бирајте да преспиете сами.