×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП (23.6.2020)

    23.06.2020 07:13 | KumanovoNews

     Дневен хороскоп

    ДНЕВЕН ХОРОСКОП (23.6.2020)

    Овен

    Овој ден ќе се чувствувате особено добро, а доколку имате дури и најмала врска со некој од страство, тогаш очекувајте плодна соработка.

    Со вашиот партнер мора да постигнете договор, доколку сакате се` да биде како вообичаено.

    Бик

    Парите нема да ви паднат од небо овој ден, единствен начин за заработка ќе ви биде само вашиот труд. Посветете се на она што го работите и дадете го својот максимум.

    Вие сакате да вложувате во врската, но сепак од страна на партнерот гледате помала заинтересираност и тоа ве вади од кожа.

    Близнаци

    Вие сте истрјана личност која многупати е во предност само поради вашата трпеливост и вашиот инает да успеете во она што го имате наумено.

    На работата денес е можен флерт, а доколку сте слободни тогаш очекувајте некој вид на повик од вашата симпатија.

    Рак

    Денес ќе чувствувате финансиска нестабилност, па со причина ќе размислувате како да дојдете до парите коишто некогаш ги имате позајмено. Вас ве очекуваат долгови кои треба да ги подмирите.

    Иако имате еден куп обврски, сепак не расправајте се во вашиот партнер доколку сака мала забава. Во последно време се оддалечувате еден од друг.

    Лав

    Денес ќе се изненадите од способноста на вашите колеги да се мешаат онаму каде што не им е место. Не бидете наивни и кажете си навреме што мислите, доколку нивната позиција почнува да ја загрозува вашата.

    Тајните љубовни врски носат посебно задоволство и вие тоа го знаете, меѓутоа не се впуштате во нешто кое не сакате некогаш некој да ви го направи вам. Љубовта кон вашиот партнер за вас е доволна.

    Девица

    Денес ќе ви се наметнат некои правила за кои нема да имате ниту волја, а ниту пак сила за да ги почитувате. Она што треба да направите е да пронајдете како да ги заобиколите, за да не изгледате како несериозни, а притоа и да не мора да поминете преку своите ставови.

    На љубовното поле ве очекува убав ден.

    Вага

    На работата и денес ќе чувствувате притисок, иако не се надевавте дека оваа ситуација ќе трае толку долго.

    Денес ќе чувствувате пеперутки во стомакот, ви следи пријатно изненадување.

    Шкорпија

    Денес позицијата на Сонцето ќе биде наклонета кон вашиот знак, па ве очекуваат убави и мирни моменти и на работата.

    Овој ден ќе чувствувате одредена наклонетост кон некој свој пријател, дали тоа ќе се развие во нешто повеќе или не, зависи од вас.

    Стрелец

    На работата не мора да се ангажирате за се` и сешто. Тајната е во едноставноста и во можноста на едноставен начин да се справите со работите. Претераните компликации можат да ви донесат само дополнителни проблеми.

    Склоноста кој тајните врски ви продолжува и понатаму.

    Јарец

    Денес нема да се плашите да преземете иницијатива, која би придонела да се подобри и вашиот статус во општеството, а и вашата финансиска состојба.

    Денес може да очекувате и подобрување на комуникацијата со саканата личност.

    Водолија

    Кога станува збор за финансиите бидете попретпазливи, вашата финансиска состоба и така се наоѓа на стаклени нозе, не е препорачливо да се расфрлате беспотребно.

    Полека, но сигурно, вашиот пријател ги освојува вашите симпатии, а тоа придонесува и да се чувствувате непријатно, но и сакано.

    Риби

    Не плашете се да побарате помош на работата доколку ви е потребно, па дури и да свртите на некој колега со кој порано сте соработувале.

    Со вашиот партнер може да ве очекуваат и мали расправии, затоа што му замерувате дека е претерано ладен во односите со вас.