×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП (24.1.2020)

    24.01.2020 08:43 | KumanovoNews

     Дневен хороскоп

    ДНЕВЕН ХОРОСКОП (24.1.2020)

    Овен

    Денес ве очекува добра понуда за работа, поврзана со некој од странство. Кога станува збор за емотивното поле, денес ви се отворени можностите за запознавање и оформување на сипматии кон некоја личност која е многу успешна на професионалното поле.

    Бик

    Денес ќе се насочите кон работата која од вас бара динамичност, затоа што ќе сте полни со енергија. Припадниците на овој хороскопски знак, кои се родени во втората декада ги очекуваат проблеми во партнерските односи.

    Близнаци

    Вие сте свесни за сите совети кои ви се делат овие денови, но прифатете ги не само оние кои ви се допаѓаат туку и оние кои навистина се реални. Оние коишто се зафатени или пак се во брак денес ги очекува излегување со саканите кое може да биде доста романтично.

    Рак

    Доколку денес се надевате дека ќе се обезбедите финансиски воопшто не го очекувајте истото, тоа најверојатно ќе се случи дури при крајот на наредната недела. Она што ви преостанува е да се насочите кон работата. Добар однос во бракот или врската, без видни промени.

    Лав

    Парите се нешто кое нема да ви недостасува, но внимавајте цела недела е пред вас, не трошете премногу. На љубовното поле, бидете поотворени за исполнување на желбите на вашиот партнер.

    Девица

    Денес сконцентрирајте се на работата доколку не сакате никакви промени. На љубовно поле, иако најчесто сакате побитни моменти, денес ќе уживате во мирниот ден.

    Вага

    Денес ќе бидете отворени за соработка на вашето работно место, ѕвездите велат дека особено добра соработка денес можете да имате со некој чиј хороскопски знак е Бик. Кога станува збор за љубовта, не заборавајте дека вистинското благо е токму личноста која постојано се грижи за вас, без разлика на се'.

    Шкорпија

    Денес може да дојдете до некој "денар", но само доколку соработувате со вашите пријатели. Кога станува збор за вашиот партнер не насочувајте се само кон критиката, туку размислете зошто е неговото однесување такво какво што е.

    Стрелец

    Денес може да очекувате некој износ на пари за кој немате планирано. На работата ве очекува вообичаен ден, кој едвај ќе чекате да заврши за да  излезете и да заборавите на обврските. Не сте оптеретени со љубовниот живот, туку напротив, задоволни сте.

    Јарец

    Одлично помината недела, многу од вашето работно опкружување ќе бидат заинтересирани за вашето мислење. Уживате во љубовта и вниманието кое оди заедно со неа.

    Водолија

    Денес ќе размислувате што да правите понатаму со работата. Односно ќе размислувате дали треба да преземете поголема одговорност или не. Што се однесува до љубовта, денес ве очекува мирен ден и убава комуникација со саканата личност, затоа не барајте проблем каде што нема.

    Риби

    Доколку денес се најдете во друштво на некој со хороскопски знак Лав, очекувајте дека и двајцата ќе сакате да доминирате и нема да можете да најдете заеднички "јазик". Размислете што навистина сакате во моментот од љубовта, можеби е најдобро да свртите нова страна.