×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП (27.8.2020)

    27.08.2020 09:45 | KumanovoNews

     Дневен хороскоп

    ДНЕВЕН ХОРОСКОП (27.8.2020)

    Овен

    Денеска обидете се да не бидете премногу чувствителни и да барате смисла во секоја работа, затоа што тоа ќе ви го отежне понатамошното дејствување.

    Домот е вашата смисла, а тоа во последно време го потврдувате многу почесто.

    Бик

    Препуштете ѝ се на убавата енергија и не дозволувајте поголем дел од времето да бидете несреќни.

    Излезете на прошетка со саканата личност, а работата оставете ја таму каде што и припаѓа.

    Близнаци

    Денеска ќе сакате да им се приближите на другите и да остварите подлабок контакт, меѓутоа тоа нема да биде можно.

    Љубовното прашање го оставате на страна и сакате најпрво да се одморите од секаков притисок.

    Рак

    Не дозволувајте неодлучноста постојано да ви го обележува животот. Мора да сте подлучни доколку сакате да направите нешто.

    Не заборавајте ја убавината на топлината на семејството, иако некогаш мислите дека токму од семејство ви доаѓаат најголемите проблеми.

    Лав

    Денес ќе се најдете пред некој избор за кој нема да знаете како да постапите, доколку е потребно исконсултирајте се и со некој повозрасен.

    Посветете ѝ повеќе внимание на саканата личност и почесто прашувајте ја како се чувствува.

    Девица

    Денеска добрата вест е тоа што донесувањето на некоја одлука ќе придонесе да се чувствувате многу послободно.

    Откако ќе завршите со работата ќе сакате да бидете во прегратка на саканат личност, затоа што тоа си го одземате веќе подолго време.

     Вага

    Денеска секоја ваша постапка ќе ви делува неодлучно и нема да знаете кој е вистинскиот пат. Најдоброто решение е да се обидете рационално да погледнете на работите.

    Иако се жалите дека љубовниот живот ви станува монотон, направете вие промена за да не биде така.

    Шкорпија

    Денеска ќе треба да внимавате на луѓето околу вас, затоа што ви се заканува можност некој на кој му верувате да ви заболе нож во грб.

    Ѕирнете длабоку во себе и видете дали навистина се чувствувате среќно со личноста на која ѝ посветувате толку многу време.

    Стрелец

    Денес ќе се чувствувате изморени и недоволно одлучни. Вниманието ќе ви лета од една на друга страна.

    На љубовното поле делумно делувате отуѓено, а тоа е затоа што подолго време вие не споделувате заедничк работи, туку само муабети.

    Јарец

    Во текот на овој ден ќе ви биде отежната организацијата и нема да знаете од каде да започнете. Секој обид ќе ви завршува недовршен, па на крајот ќе станете свесни дека мора да побарате помош.

    Денеска ќе сакате да останете сами за да размислите за љубовните односи. Но, со длабоката анализа можат на површина да излезат и некои ваши недостатоци.

    Водолија

    Доколку навистина сметате дека може да се исполни она што сте го планирале, тогаш не бидете скептични и не откажувајте се веднаш од сонот.

    Денеска од особено значење на емотивното поле ќе биде вашата способност за да се изразите правилно, затоа што се чувствувате недоволни сигурни во вас поради вашиот физички изглед. Не заборавајте дека тоа што го гледате во огледалото е тоа што вие сте ги научиле вашите очи да го гледаат, партнерот воопштоо не гледа така на вас.

    Риби

    Денес ќе можете да поставите баланс во вашиот ден, но само ако ги исконтролирате емоциите и нетрпението. Бидете стабилни.

    Денес ќе бидете фатени во мрежата на вашите лични драми, меѓутоа не очајувајте затоа што тоа ќе помине за брзо време. Насмевнете се и продолжете понатаму.