×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП (28.5.2020)

    28.05.2020 06:41 | KumanovoNews

     Дневен хороскоп

    ДНЕВЕН ХОРОСКОП (28.5.2020)

    Овен

    Денеска ќе се чувствувате слободно и нема да бидете нерасположени. На работата ќе бидете поотворени ќе прифаќате туѓи идеи.

    Не дозволувајте некој да ви ги сруши соновите, само затоа што некој мисли дека некои работи се невозможни.

    Бик

    Иако сте ентузијаст и на се' гледате од светла страна, денес размислете на кого се' му се доверувате. Водете сметка за тоа.

    Доколку е потребно да се дистанцирате од љубовните проблеми, направете го тоа за да земете здив, но не и целосно да го напуштите партнерот.

    Близнаци

    Не жалете за пропуштените можности. Фокусирајте се кон она што го живеете и она што следи. Додека вие гледате назад, светот се' менува со брзината на светлината.

    На некои сегменти од љубовта не гледајте сосема негативно, прво сослушајте го партнерот.

    Рак

    Вие сакате да бидете доминантни и на полето на работата, а тоа ќе ви оди од рака денес бидејќи ќе знаете како да ги поврзете работите за кои другите мислат дека не е возможно да се поврзат.

    Денес ќе може да се потпрете на вашиот партнер, искористете ја можноста и направете нешто коешто ве прави среќни и двајцата.

    Лав

    Ситуацијата на работата почнува да ви влијае негативно. Останете доследни на обврските, но внимавајте да не дојде до истоштување на вашиот организам.

    Доколку денес се чувствувате несигурно на љубовното поле, тоа ќе биде заради вашата измореност.

    Девица

    Не се потпирајте целосно на соработниците, обидете се да бидете посамостојни и доследно да си ја завршите работата. Овој ден вашата посилна страна ќе биде самостојноста, искористете го тоа.

    Вашиот љубовен живот во последно време станува зависен од вашиот партнер. Иако не ви се допаѓа тоа, сепак мора да се прилагодите на новонастаната состојба, затоа што имате други обврски со кои треба да се справите.

    Вага

    Денес ќе се занимавате со работи коишто не ве засегаат вас. Насочете се кон она што е ваша работа, затоа што се' останато само ви го ремети и вашиот мир, но и мирот на вашето семејство.

    Односите со вашиот партнер не можат секогаш да бидат идеални, барем обидете се меѓусебно да се разберете.

    Шкорпија

    Денес ќе бидете насочени кон завршување на вашите обврски коишто ви останаа деновиве. Некој којшто претходните денови ви одеше на нерви, денес ќе биде спремен за компромис, но вие нема да сакате да го прифатите тоа.

    Не очекувавте поголем излив на емоции и затоа нема да знаете како да се справите со нив.

    Стрелец

    Претходниот период на работата вложувавте во вашите колеги и тоа полека но сигурно станува исплатливо за вас.

    Не сакате да се коцкате со никој. Кога станува збор за љубов, постојано се обидувате да одржите фер однос.

    Јарец

    Секогаш сте во право кога станува збор за нови идеи. Ќе имате доста непредвидлив ден, па затоа бидете малку повеќе сконцентрирани.

    На вашиот партнер често почнаа да му се случуваат промени во расположението и тоа ве прави несигурни.

    Водолија

    Иако овој период имавте други планови, сепак сфаќате дека ништо нема да биде како што некогаш било. Насочете се кон она што сега го имате и живеете.

    Доколку овие денови имавте некој конфликт со партнерот, денес следат моменти со кои ќе го подобрите односите.

    Риби

    Иако имавте доволно време за да завршите некои работи, сепак не ги завршивте. Денес на дел од нив ќе мора да им ставите крај.

    Вашата љубовна состојба денес ќе биде добра, не ја комплицирајте беспотребно.