×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП (8.6.2020)

    08.06.2020 06:59 | KumanovoNews

     Дневен хороскоп

    ДНЕВЕН ХОРОСКОП (8.6.2020)

    Овен

    Денес е време за разонода. Искористете го убавото време и опуштете се во кругот на семејството.

    На љубовен план, престанете да се расправате за се' и сешто.

    Бик

    Денес ќе бидете опкружени со луѓе кои ќе ви влијаат позитивно, па затоа искористете го денот за да се наполните со позитивна енергија.

    Вашиот партнер од вас очекува поголемо внимание.

    Близнаци

    Престанете да се однесувате како дете и преземете ја иницијативата во ваши раце. Сигурноста којашто можете да си ја обезбедите вие, не може никој друг.

    Љубовниот живот ви се движи во нагорна линија, не го жртвувајте за ништо.

    Рак

    Ако престанете да се обидувате не очекувајте дека ќе успеете. Не секогаш се работите такви какви што ние сакаме да бидат.

    Вашиот партнер од вас очекува поголема ажурност.

    Лав

    Иако не можете да прифатите се' што се случува во вашата близина, сепак сфаќате дека истото не можете да го промените. Бидете потпреливи, ништо не се менува преку ноќ.

    Вашите љубовни аспирации насочете ги кон вистинското место.

    Девица

    Без разлика дали нешто прифаќате или не денес нема да можете да влијаете многу на промена на работите. Престанете да се однесувате детски и за се' да наоѓате забелешки. Се' ќе си дојде на свое место, но не секогаш во времето кое вие сте го испланирале.

    Убав ден проследен со топли прегратки.

    Вага

    Постојано барате нешто коешто и самите знаете дека не можете да го добиете. Бидете пореални и во барањата и во очекувањата.

    Вашиот љубовен живот во моментот е во стагнација.

    Шкорпија

    Вашите секојдневни обврски ќе морате да ги завршите, доколку сакате да ги оставите непријатностите настрана.

    По завршувањето на обврските, не двоумете се да се вовлечете во топлата прегратка на саканиот, на крајот на краиштата тоа е она што ви недостига во моментот.

    Стрелец

    Без разлика дали вие оправдувате некои работи или не, тие ќе се случат. Денес нема да можете да контролирате се' околу себе.

    Секојдневните грижи не пренесувајте му ги на вашиот партнер.

    Јарец

    Денес ќе бидете насочени кон исполнување на обврските кои ви тлееја цела недела. Откако ќе го завршите недовршеното, ќе се посветите на вашето семејство.

    Не дозволувајте љубовниот живот да ви трпи, поради нечии гласини.

    Водолија

    Пред да преземете некој чекор, прво добро размислете. Ставањето прст на чело не е лоша работа за почеток.

    Вашите љубовни проблеми не се секогаш само ваша вина, погледнете малку и од страна. Видете ја пошироката слика.

    Риби

    Велат: она што не сакаш да ти направат на тебе, не прави го и ти на другите. Затоа денес, без разлика дали ќе бидете нервозни, обидете се да не се расправате со сите. Не значи дека ако не вас не ви е денот, дека на другите им е.

    Љубовта е она коешто разболува, но и она кое лечи. Прегратката на партнерот денес може да ви биде лек.