Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Со текот на стареењето имунитетот се намалува, стресот се зголемува, а постојаната иритација и оксидантскиот стрес се зголемуваат како резултат на слободните радикали кои придонесуваат за оштетување на ДНК, со веројатност да се дојде до појава на рак.
Исхраната богата со хранливите материи може да придонесе за превенција и лекување на заболени од рак. Постојано се докажува дека претканцерогените фази, се враќаат назад на своите нормални клетки, доколку на човекот му се даваат антиоксиданти, како бета каротен, витамин Ц и Е, ликопен, коензим Q10, хормонот DHEA, секако заедно со други хранливи состојки.
* Што треба да се конзумира за превенција и лекување од рак
Докторите препорачуваат секојдневно конзумирање на: овошје, зеленчук, интегрални житни растенија и храна со ниска масленост, а многу влакна. Препорачливо е да се јаде дури од пет до седум порции овошје. Од зеленчукот се препорачува внесување на: карфиол, зелка, брокули, мали зелчиња, пченична трева и модар патлиџан. Исто така се препорачува и внесување на витамините А, Ц и Е, преку исхраната, а доколку е потребно да се користат во вид на таблети тогаш се препорачува консултирање со лекарите.
Воедно, треба да се избегнува конзумирање на бел шеќер, преработена храна, како и храна пребогата со масти. Меѓутоа, доколку сте љубител на сирење, тогаш се препорачува козјото домашно сирење, но во помали количини.
* Среќен и радосен став кон животот
Исто така, поради стресната ситуација со која се соочуваат луѓето на кои им се дијагностициран рак, треба да се насочат и кон техниките на смирување. Добра техника е кога си замислуваат дека одбранбените сили на телото ги победуваат клетките на ракот и како сина светлина расчистува се' од нив. Среќниот и радосниот став кон животот е она коешто ќе им ја врати надежта, а истражувањата покажуваат дека многу позитивно во лекување на ракот влијае и поддршката од насмеаните блиски. Никој болен не сака до него да гледа некој кој плаче, затоа што на тој начин и тој уште повеќе ја губи надежта.