×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Јанева со промоција и продажба на својот деби албум „Срце отвори“ – парите ќе ги намени за ковид пациенти

    11.12.2020 20:59 | KumanovoNews

    Поп-пејачката Александра Јанева го промовираше својот деби-албум „Срце отвори“. Албумот е компилација од 13 песни објавени во изминатите седум години од нејзината музичка кариера, почнувајќи со макфестовската „Врати ми го сонцето“.

    Јанева со промоција и продажба на својот деби албум „Срце отвори“ – парите ќе ги намени за ковид пациенти

    Продажбата на дисковите започнува од утре, сабота во: The Yard Lounge Bar во Куманово, Концепт Кафе во Струмица и Intermezzo Pub во Битола,  а сите средства ќе бидат наменети за ковид пациенти кои не можат да си овозможат болничко лекување.

    „Албумот е готов подолго време и иако никогаш не можеш да знаеш кога е вистинското време за нештата да се случат, јас сум пресреќна што токму сега, кога целото човештво се соочува со најголемите предизвици и најмногу ни треба сплотеност и емпатија, имам можност да го претставам овој симболичен проект пред публиката. Секој може да придонесе за општото добро со она што ќе го даде со отворено срце“ - вели Јанева.

    На албумот се наоѓаат и песните „Еве ме пак“, „Најмило мое“, „Ќе се вратам некој ден“, „Еуфорија“, „Бам бам“ на кои пејачката работеше со голем број домашни автори како Ристо Самарџиев, Ѓорги Крстевски, Иван Јованов, Марко Маринковиќ, Огнен Неделковски, Владимир Дојчиновски, Иле Спасев, Панче Илиев и Столе Аврамов.

    (Ване Трајков)