Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
По примерот на другите градови и земји, каде што познати музички имиња одржуваат концерти на отворено, а се пренесуваат преку интернет или на телевизија, Фондацијата за култура и спорт од Куманово, утре организира концерт на Градскиот плоштад.
На концерот насловен „Кумановци за својот град“, ќе настапат Маргица Антевска, Нино Величковски, Ивона Јовановиќ, Марио Арангеловски, Мартинијан Кириловски, Мартија Станојковиќ и дел од учесниците во проектот "Кумановци за Куманово".
„Во организација на Фондацијата за култура и спорт ќе се одржи првиот онлајн концерт во нашиот град, како подршка на кампањата за борба против КОВИД-19 со цел граѓаните да останат дома. Ќе бидат испеани триесетина песни. Концертот ќе трае од 2 до 2,5 часа, а ќе се одржи на малиот плоштад во паркот пред Центарот за култура “, - вели Нино Величковски, директор на Фондацијата за култура и спорт.
Преносот во живо ќе биде на на ТВ Плус - Куманово со почеток во 16:00 часот.