Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Со нашата работа на голема врата ја враќаме тамбурашката музика, бидејќи Куманово во 1917 година постоел голем тамбурашки оркестар. Наша идеја е тамбурата како инструмент да почне да се изучува во музичките училиште и да го добие своето вистинско место.
Кумановските тамбураши и Нино Величковски синоќа во Младинскиот културен центар „Козјак„ одржаа концерт на кој го прославија петгодишниот јубилеј. На концертот настапија со колаж од инструментални и вокално инструментални композиции, новосоздадени песни и поширок репертоар на песни од бившите југословенски простори.
Со нашата работа на голема врата ја враќаме тамбурашката музика, бидејќи Куманово во 1917 година постоел голем тамбурашки оркестар. Наша идеја е тамбурата како инструмент да почне да се изучува во музичките училиште и да го добие своето вистинско место. Се бориме против турбо музиката, бидејќи секој сака да слуша квалитетна македонска народна музика. Ние сакаме да се вратиме на изворот - вели Нино.
Гости на концертот беа Наум Петревски и сестрите Марија и Елена Петрушевски.
Концертот е дел од програмата Ноемвриски денови по повод одбележување на \"11 Ноември\"- Денот на ослободување на градот и 490 години од постоењето на Куманово.