×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Лек за чир според рецепт на српскиот доктор Несторовиќ

    17.03.2021 21:23 | KumanovoNews

    Еден од најмоќните лекови против чир на желудник и дванаестпалачно црево, како што тврди познатиот доктор од Србија, Бранимир Несторовиќ, се прави од обична зелка.

    Лек за чир според рецепт на српскиот доктор Несторовиќ

    Тој јавно споделува рецепт, чии делотворни својства ги поткрепува со истражувања кои покажале 95% подобрување на состојбата, после само 2-5 дена користење.

    „Овој лек ги обновува клетките на желудникот, но делува и на уништување на Helicobacter Pylori- предизвикувач на чир на желудникот и дванаесетпалачното црево“, вели Несторовиќ“, кој е признат педијатар, пулмолог и алерголог од Белград.

    Тој е познат по својот неконвенционален пристап и совети за лечење, со примена на природни лекови, а особено стана познат за време на пандемијата со корона вирусот.

    Ви го пренесуваме рецетот на познатиот српски доктор.

    Потребни се 3 шолји исецкана зелка на која се додаваат 2 чаши провриена вода.

    Оваа мешавина се става во блендер и се блендира 10 минути.

    Добиената смеса се пресипува во тегла, се остава малку празнина на врвот од теглата и херметички се затвора.

    Се остава да отстои 3 дена на температура од околу 20 степени.

    Потоа се процедува и се чува во фрижидер.

    Се пие по една чаша од добиениот сок, секое утро, половина час пред појадок.

    Пожелно е да се користи еколошки произведена зелка, без третман со заштитни препарати.