Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Медот е една од најстарата храна-лек која ја познаваат луѓето. За него запис може да се најде и на папирусот од Теба, околу 4000 години пред н.е.
Лековитата моќ на медот им била позната и на Египќаните, па тие го користеле за лечење на рани, а во Индија се користел за зачувување на младоста на кожата на телото.
Пчелите се едни од најинтелигентните животни, тие не собираат мед од билки кои се хемиски третирани, а за да направат дури и само еден килограм мед мораат да направат околу 50.000 летови.
Препорачливо е да се конзумира медот во текот на секој ден, но притоа од особена важност е истиот да биде природен.
* Карактеристики на медот:
- богат е со биоелектрична енергија, потребна за нашиот организам;
- помага при превенција од рак, содржи антиканцерогени супстанци, меѓу кои се и холин и ацетикиолин;
- медот е добро средство за смирување на нервите и природен лек за подобар сон;
- тој е и добро лаксативно средство, кој ја обвновува цревната флора;
- медот се бори против побрзото стареење;
- исто така може да се користи и како маска за лице;
- помага за враќање на силата по подолг напор;
- исто така е неопходен и при растот на децата и адолесцентите бидејќи врзувајќи го магнезиумот и калциумот во исхраната, делува поволно на растот;
- во мали количини медот од багремот е добар и за ослабнување;\
- во мали количини дозволен е и за луѓе кои имаат покачен шеќер;
- медот е богат со витамини и ензими кои ја зголемуваат мозочната и физичката сила.
* Употребувајте го медот секојдневно
Јадете 2 до 4 лажици дневно мед. Медот ќе ги подмлади вашите ќелии и заштити вашите крвни садови. Исто така е и средство број еден за зајакнување на секусуалната потенција. Медот можете да го јадете самостојно, со млеко, со колачи, со чај итн.