Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Мојата мајка и понатаму ми мавта за да ме поздрави кога одам некаде!
Стои во дворот пред куќата и ми мавта или ми праќа бакнеж.
И понатаму ми готви јадење кога ќе дојдам кај неа, за да јадам. Сите мои омилени оброци ги прави токму таа. Едноставно, има нешто во нејзиниот начин на готвење.
Понекогаш ми купува работи кои ќе ги види во продавницата, а мисли дека ќе ми се допаднат. Најчесто е во право.
И понатаму ми дозволува да ѝ се јавам кога ми е здодевно и само ми е потребен некој за разговор.
И понатаму ме прегрнува така што ми се рушат сите ѕидови коишто ги имам и знам да се расплачам ако не сум во ред.
И понатаму води грижа за мене, како кога бев мала. Не знае како против себе.
Понекогаш кога ќе се „фатам“ како сум тажна зашто моите деца растат толку брзо, помислувам на мојата мајка и на тоа колку многу ја сакам и колку ми значи.
И знам, дека срцето на една мајка не се менува само затоа што нејзините деца се сега возрасни луѓе. Никој никогаш не може да го заземе тоа место во срцето кое го зазема мајката, било да сте возрасни или не.
Иако пораснав, мојата мајка и понатаму ги прави сите оние мајчински работи кои отсекогаш ги има правено, но сега и за мене и за моето дете.
И понатаму стои пред куќата, без разлика дали надвор или сонце или паѓа дожд и ни мавта кога си заминуваме.