Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кога еден купувач избира помеѓу неколку автомобили, покрај висината на цената, важна му е и безбедноста во самото возило. Категориите се направени по големина на автомобилите.
Во Б сегмент, со 2008 година на производство спаѓаат: Рено Меган 3 и Хјундаи и30. Една година постари се: Киа Сид, Пежо 308 и Волво Ц30. Од 2006 година е Тојота Јарис.
Посочени се 3 модели од 2004 година, и тоа: Форд Фокус, Опел Астра Х и Голф 5.
Како единствен и најстар половен модел на автомобил до 5.000 евра е даден Рено Меган 2 од 2002 година.
Во Ц сегментот, поголеми автомобили од 2008 година се издвојуваат два модели: Форд Фиеста и Сеат Ибица. Моделите Пежо 207 и Мазда 2 се најпретставителни за производството во 2007 година. Единствен автомобил за 2006 година од марката Шкода е Румстер.
Легендарниот Мерцедес А Класа, заедно со компактниот Рено Клио се главни за 2005 година. На крај, Рено Модус е најстариот модел кој ги исполнува последните основни услови на Европската автомобилистичка федерација.
(Д.Д)