Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Македонските филмови останаа без можност оваа година да се борат за најпрестижната статуетка во индустријата.
Американската филмска академија, деновиве ја објави пошироката листа, додека конечните номинации ќе бидат познати во понеделник.
Краткометражниот филм „Налепница“ на Георги Унковски, а со главна улога на Сашко Коцев, со победата на фестивалот „Ин д палас“ во Софија, Бугарија се квалификуваше во трка за номинација, но за жал не влезе во потесниот круг.
Од македонските долгометражни филмови, номинација за Оскар не обезбеди ниту „Врба“, дело на легандарниот Милчо Манчевски.
Домаќин на годинешната церемонија за доделување на наградите ќе биде Лос Анџелес, на 25 април.
(Д.Д.)