×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Немате среќа во љубовта: Причини поради кои мажите бегаат од вас на првите состаноци

    18.12.2020 08:31 | KumanovoNews

    Во последно време чест е примерот на се` пократките љубовни врски,  на честите раскинувања или пак на разводи. Причините се многубројни, од емоносмки аспект, психолошки, социјален итн., меѓутоа сепак постојат некои непишани правила коишто се речиси секогаш главен фактор за краткотрајноста на врската или пак воопшто да не се отпочне врската.

    Немате среќа во љубовта: Причини поради кои мажите бегаат од вас на првите состаноци

    - Причини поради коишто може да ви „пропадне“ врска и пред да започне:

    1. Премногу зборувате

    Никој во своето друштво не сака некој кој постојано зборува, затоа што претераното зборување честопати води до празен разговор во кој нема што да се каже или пак се повторува едно исто. Тогаш вашите изрази стануваат безначајни, а партнерот може да се почувствува и потиснат, бидејќи не му давате простор за и тој да го искаже своето мислење;

    2. Сакате да се омажите со партнерот уште на вториот состанок

    Излегувате со некој кој ви се допаѓа и по второто излегување вие веќе ја планирате вашата иднина и вашиот живот. Ова може негативно да се одрази на личноста покрај вас, затоа што може да добие впечаток дека сте очајни и осамени и дека сте со неа единствено само за да не бидете сами;

    3. Зборувате за вашите бивши партнери

    На почетокот на секое запознавање сите ние сакате да знаеме повеќе за оној кој ни се допаѓа. Меѓутоа, раскажувањето на вашите претходни искуства може негативно да влијае на оној кој ви се допаѓа од аспект на тоа дека може да ви забележи дека не сте го заборавиле бившиот. Ние сме навистна налик на „музеј“, нашите тела складираат искуства и спомени, но тоа не значи дека треба новото да го загушиме во прашината на старото. Затоа, доколку некоја личност инсистира на некои прашања одговорете ѝ ги кратко и јасно, сепак вашето минато е токму тоа-минато;

    4. Премногу сте чувствителни

    На првите состаноци најчесто партнерите не се познаваат меѓусебно и честопати може да се случи некоја непријатна ситуација, од која можете да се почувстувате непријатно. Најчестиот пример е поради саркастичниот хумор на другиот или поради вашите очекувања. Не очекувајте и не однесувајте се премногу чувствително и навредливо. Обидете се да ја сфатите шегата, доколку се работи за шега;

    5. Оставете го на страна ставот дека во животот можете сами

    Доколку на состанокот дојдете со ваков став, не можете да очекувате од личноста која седи покрај вас да се однесува исто. Истата личност ќе добие впечаток дека вие сте изгегле со неа за да си го пополните времето, а не затоа што има одредено значење за вас.