×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Новак Ѓоковиќ го започнува денот со сок од целер

    18.03.2021 20:09 | KumanovoNews

    Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ, кој е познат по здравиот начин на исхрана, денот го започнува со сок од целер.

    Новак Ѓоковиќ го започнува денот со сок од целер

    Тој верува дека токму овој сок е одговорен за неговото добро здравје, кое му дава сила да победува на турнирите и да ниже успеси.

    „ Вака јас го започнувам денот. Најпрвин, пијам малку топла минерална вода со лимон и лимета. Потоа ѕирнувам во фрижидерот, каде што ги чувам зелените стебленца целер. Ги ставам во блендер за ладно цедење и правам сок од нив“, ја споделува својата тајна Ѓоковиќ на своите следбеници на Инстаграм.

    Тој вели дека овој сок е полн со минерали, соли и други елементи кои го чистат црниот дроб.

    „Овој сок прави чуда за мене и за моето семејство. Но тие не го земаат чист, туку со додаток на сок од јаболка и краставици“, открива Ноле.

    Целерот содржи големи количини на витамини и минерали, а има и силно диуретско дејство. Нутриционистите велат дека го регулира нивото на холестерол, го намалува крвниот притисок, поволно влијае на метаболизмот, кожата и имунитетот, а помага и при хидратација и слабеење.

    Целерот, како лек, го користеле и старите Египќани. Ги содржи витамините К, Е, Ц и Б, а богат е и со калциум и л киселина.

    За оние кои не го сакаат вкусот на целерот, нутриционистите препорачуваат да се додаде краставица и зелена јаболка во соковник или блендер.