Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Очите се секогаш првото нешто што го забележува секој маж кај жената. Но, со текот на годините, а и поради одредени недостатоци, многу жени се соочуваат со спуштени капаци, кои делуваат неестетски. Понежниот пол спасот најчесто го бара во пластичната хирургија за да реши овој проблем.
Денеска ви предлагаме една природна маска за која велат дека дава резултати. Не смета ништо да се обидете и вие. Ќе ви бидат потребни само една белка од јајце и тупфер или парче памук. Се што треба да направите е да го исчистите лицето темелно од шминка, особено околу очите, и да биде суво.
Потоа, одвојте ја белката од жолтката и натопете го тупферот или парчето памук во белката. Затворете ги очите и нежно тапкајте со натопениот тупфер преку горните капаци.
Држете ги очите затворени се додека белката не се исуши потполно. Потоа исплакнете со топла вода. Повторувајте ја редовно оваа постапка, може и секој ден, и за кратко време ќе добиете видливи резултати, велат оние што ја испробале оваа маска.
Тие тврдат дека маската ја докажала својата ефикасност, па се надеваме дека ќе им користи на сите жени кои го имаат овој естетски проблем.