Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Комфорната зона е состојба којашто човекот ја гради низ текот на целиот живот за да се чувствува посигурен и поспокоен. Но, од друга страна истата состојба го прави поранлив кога ќе треба да излезе надвор од неа и да преземе поголем ризик.
Луѓето коишто инсистираат да живеат во оваа „зона“ најчесто имаат проблеми со самодовербата, а тоа им оневозможува да станат ментално силни луѓе, кои ќе успеат да се справат со емоциите и ситуациите и кога ќе добијат отказ, кога ќе раскинат врска или пак ќе завршат со развод.
- Карактеристики на ментално сигурните луѓе, кон кои треба да се стреми секоја индивидуа:
1. Тие се вистински посветени на работите коишто ги сакаат
Иако честопати имаат пречки на патот за да го остварат она што го посакуваат, тие не се плашат да излезат од комфорната зона и да ризикуваат за да го постигнат тоа што го сакаат. Доколку завршат со негативен резултат, знаат како да се присоберат и да продолжат понатаму.
2. Напредуваат дури и кога ситуацијата е негативна
Ментално силните луѓе знаат да ја гледаат полуполната чаша, а не полупразната. Тие знаат и во тешките моменти да се воздигнат како феникс од пепелта и да ја искористат ситуацијата како лекција.
3. Тие се емоционално интелигентни
Слично како во втората карактеристика којашто ја опишавме, тие не се фокусираат само на нивниот коефициент на интелигенција, туку и на нивната емоционална интелигенција, т.е способноста да се справат со емотивните случувања во нивниот живот. Знаат да се радуваат на мали работи, да постават праг на тагување и што е многу важно да бидат емпатични.
4. Знаат дека стравот најчесто резултира со каење
Тие во текот на животот како и сите луѓе се борат со најразлични стравови, меѓу кои и стравот од непознатото, стравот дека нема да успеат, стравот дека ќе бидат на работ на егзистенцијата итн. Меѓутоа, знаат дека тие се најживи тогаш кога го чувствуваат тоа и се борат со него, а не му се предаваат, што за нив би било рамно на смрт и соочување со ситуацијата.
5. Учат од минатото но не дозволуваат тоа да им биде пречка
Овие луѓе се сосема свесни дека минатото е корен за многу нивни успеси, но и неуспеси. Знаат да разграничат кои работи ги влечат кон дното и да направат стратегија како да се справат со нив, без притоа да одбијат да му се насмевнат на денешниот или пак утрешниот ден.