Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Луѓето коишто р`чат поминуваат помалку време во фазата на длабокиот сон, кој е особено важен за одморот. Особено е важно, да се напомене, дека р`чењето може да предизвика дури и краткотрајно прекинување на дишењето, кое може да предизвика оптеретување на срцето.
* Пет природни методи за справување со 'рчењето:
1. Избегнувајте седативи
Сите таблети, а особено оние коишто се за смирување или пак за спиење, како и алкохолот влијаат на успорување на нервниот систем што доведува до претерано опуштање на мускулите и ткивата во задниот дел на фаринксот.
2. Подигнете ја перницата
Поставете ја перницата така што главата ќе ви биде поставена малку повисоко. Ова не се препорачува за луѓето кои имаат проблем со кичмата.
3. Не спијте на грбот
Иако ова е една од најчестите положби за спиење, експертите велат дека воопшто не е препорачлива, особено за луѓето кои премногу р`чат.
4. Направете инхалација
Доколку имате настинка, тогаш е голема веројатноста дека вашиот нос ќе биде затнат, затоа пред спиење се препорачува да се направи инхалација.
5. Намалете ја телесната тежина
Кај дебелите луѓе доаѓа до задебелување на вратното ткиво со што доаѓа до поголема можност за р`чење, затоа доколку имате проблеми со гојазност и со р`чење обидете се да ја намалите телесната тежина.