Мени

Пилатес метод за обликување и јакнење на целото тело

31.10.2019 18:14 | KumanovoNews

Јозеф Пилатес, својот систем на вежби го развива во првата половина на 20 век, кој е насочен кон постигнување на добро како физичко така и психичко здравје. Една од големите предности на пилатесот е тоа што е приспособлив за секоја возраст.

Пилатес метод за обликување и јакнење на целото тело

Шест основни принципи на пилатесот се: дишење, контрола, концентрација, центрираност, движења како и прецизност. Посебен акцент се става на зајакнување на мускулите на абдоменот, долниот дел од грбот и бутините. Дишењето мора да го прати движењето, а движењата мора да бидат правилни, прецизни и со целосна концентрација.

Ефекти од пилатесот

Пилатесот не е сконцентриран кон зголемување на мускулна маса, туку кон јакнење на мускулите и тонизирање на целото тело.

Пред да се започне со вежбањето, препорачливо е да се консултирате со лекарот за тоа колку вашето тело може да поднесе оптоварување и да ги следите правилата на тренерот.