Мени

Сашко Коцев – најдобар актер на престижниот филмски фестивал во Либан

09.02.2021 12:08 | KumanovoNews

Еден од најдобрите и најпопуларните македонски актери, кумановецот Сашко Коцев добива низа признанија во светски рамки.

Сашко Коцев – најдобар актер на престижниот филмски фестивал во Либан

Последната награда е за улогата во краткометражниот филм „Налепница“, каде од страна на „Бејрут Шортс Интернешнл Филм Фестивал“ е избран за најдобар актер.

Сашко Коцев е познат на публиката по својот извонреден талент и главните улоги во филмските класици, што на македонска, така и на регионалната балканска сцена. Ова е вкупно 3 награда за оваа црна комедија која трае 19 минути. Минатата година, беше прогласен за најдобар актер на меѓународнот фестивал во Италија, „Визиони Корте“ и Светскиот филмски фестивал во Берлин, Германија.

Филмот се снимаше 6 денови, на повеќе локации низ Скопје, а премиерно беше прикажан во 2019 година, во кино „Фросина“.

(Д.Д.)