×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Седум заповеди на жени со стил: Што значи да се биде дама!

    06.12.2020 09:00 | KumanovoNews

    Жените за кои најчесто се вели дека имаат стил на облекување се жени кои секогаш го бираат квалитетот наместо квантитетот, кои не потклекнуваат на најновите трендови и кои со мали детали знаат да направат да изгледаат софистицирано.

    Седум заповеди на жени со стил: Што значи да се биде дама!

    Тие секогаш изгледаат ноншалантно и се добива впечаток дека трошат малку време на својот изглед, што и не е сосема точно. Тие само ја знаат својата мера за тоа како да изгледаат модерно, секси и лежерно.

     Седум правила коишто ги издвојуваат жените коишто се сметаат за дами со стил:

    1. Не „наседнуваат“  на најновите трендови

    Жените коишто имаат свој препознатлив стил на облекување не посегнуваат веднаш по најновото модно парче и не го комбинираат истото на начин на кој им се пласира од новиот тренд. Тие знаат како да го искомбинираат со нивниот стил за да изгледа модерно, а притоа да не биде клише.

    2. Најчесто го бираат квалитетот наспорти квантитетот

    Тие немаат полн гардаробер со секаква гардероба, најчесто нивната облека е во помал број и добро здиплена во орманот. Не се облекуваат секој ден во ново, туку ги комбинираат квалитетните парчиња облека.

    3. Почесто носат кошули

    Иако најчесто кошулите се поврзуваат со формален стил, сепак овие девојки знаат на кој начин да ги искомбинираат и тоа да изгледа лежерно и складно. Ноншалантно ја носат на плажата кошулата раскопчана или пак на некој деловен состанок вовлечена во здолништето.

    4. Не се постојано во фризерски салон

    Најчесто не пратат модни трендови и не одат секогаш да ја обликуваат својата коса според најновиот тренд. Тие знаат која фризура им прилега најдобро и најчесто ја носат истата. Промени на фризурата прават кога имаат промени во животот.

    5. Не носат евтин накит

    Избегнуваат накит кој е евтин и кој делува „пластично“ на нив. Најчесто бираат некој минимален накин кој и не мора да биде толку скап, но сепак да делува прикладно и естетски минималистички.

    6. Не ставаат на своето лице премногу шминка

    Тие најчесто излегуваат со мал слој нанесена пудра, со маскара и со туш за очи или пак сенка во некоја понеутрална боја. Најчесто нивниот начин на шминкање е постојан и не сакаат да изгледаат премногу „пластично“.

    7. Имаат повеќе обувки од чанти

    Немаат премногу, но имаат доволен број на чевли за секоја прилика и тие ги повторуваат на различни состаноци, во зависност од тоа каде одат. Нивното правило е: чевлите секогаш треба да бидат удобни.