Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Песната „Тајната на љубовта“, со која пинковата ѕвездичка Драгана Јовановска од Куманово, освои Гран-при на меѓународниот фестивал „Ѕвездички“ во Прилеп доби видео спот.
Спотот го изработи Ин продукција, а снимен е во Охрид. Текстот е на Миодраг Врчаковски, музика на Кире Костов и продуцент Александар Митевски.
Квалитетот и интерпретацијата на оваа песна беше потврден на Меѓународниот детски фестивал „Ѕвездички“ во Прилеп, кој се одржа пред три месеци. На фестивалот учествуваа претставници од Србија, Босна и Хецеговина, Русија, Молдавија, Малта, Хрватска, Бугарија, Црна Гора и Албанија. Во силна конкуренција Јовановска се закити со највисокото признание Гран-при за интерпретација од стручното жири.
„Ова не ми е прва награда, но многу ми значи. Таа е поттик да продолжам уште попосветено да работам“, - изјави Драгана.
Поради коронакризата таа сите активности и настапи ги ставила во мирување, но веќе прави планови и размислува за нова песна за која бара тим за соработка.
Драгана има 14 години, а уште на 7-годишна возраст започнала да посетува часови по пијано и пеење. На 8 години учествувала на фестивалот „Златно Славејче“ , а била солист и член на детскиот хор. Учествувала на детското шоу „Пинкови Ѕвездички“ каде стекна огромно искуство и многу нови пријателства кои продолжуваат и до ден денес. Има освоено бројни награди и признанија на меѓунарони фестивали во регионот, како и во Русија и Белорусија.
(З.Р.)