×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Техники за справување со стресот и оптовареноста

    07.11.2020 07:11 | KumanovoNews

     Доколку мислите дека најлесниот начин за да се справите со стресот е пиењето, пушењето или прејадувањето, сепак тоа е само краткотрајно отстранување на стресот кој може да има многу повеќе негативни последици.

    Техники за справување со стресот и оптовареноста

    И покрај тоа што, најпознатите и функционалните начини за справување со стресот, како што се запишување на негативните мисли на хартијата и фрлање на истата во вода, плачење или разговарање со најблиските, пешачење итн. се најзастапени, сепак постојат техники со кои можете да дојдете до опуштање на умот на подолготраен период.

    * Техники за справување со стресни ситуации:

    - Дишење

    Длабокото дишење исто така ќе ви помогне за справување со стресот и за да се одморите. При стресна ситуација обидете се 10-15 минути да дишите длабоку, вдишувајќи преку носот, а издишувајќи преку устата.

    - Опуштање на мускулите

    Почувствувајте го чувството на опуштање по напрегање на мускулите. Почнете од горниот кон долниот дел или од долниот кон горниот дел на телото и потоа сменете го правецот. Ова многу подобро ќе го изведете доколку сте легнати. Така што ќе ги држите стапалата и прстите на нозете стиснати додека да изброите до 10 секунди. Опуштете се, а потоа повторете ја истата постапка со глуждовите-истегнете напред-назад, ротирајте и опуштајте се. Или пак, направете нагорно истегнување на грбот. Со опуштањето на мускулите се намалува мускулната и умствената напнатост.

    - Опуштање на умот

    Опуштањето на умот најдобро е да се прави по вежбите за дишење и опушптање на мускулите. За да се дојде до опуштање на умот, важно е вашиот ум да се доведе во сегашноста и под ваша контрола да се одведат мислите на она место кое ве релаксира.

    Ова може да се постигне: преку дишењето, преку очите, ушите или умот:

    1. Затворете ги очите и фокусирајте се на вашето дишење или вашите мисли, меѓутоа веднаш исфрлете ги негативните мисли, а посветете се на позитивните мисли кои преку енергијата која ќе ја населат во вашето тело, ќе му ја вратат неговата виталност.

    2. Исто така може да се обидете да се фокусирате на еден неподвижен предмет, обидувајќи се да не размислувате на ништо друго, туку да живеете во сегашноста.

    3. Затворете ги очите и внимателно слушајте ги сите звуци од природата, а портоа сконцентрирајте се на внатрешното слушање. Доколку почнат да ви навираат мисли, обидете се повторно да се сконцентрирате на околните звуци од природата.

    4. Задржете го умот во сегашноста преку мантра. Односно постојано повторувајте една позитивна мисла, не механички туку свесно. Дури може да размислувате и на некое име на личност која кај вас буди душевен мир.