Три хороскопски знаци ќе имаат пари и среќа годинава, тврди руски астролог
Познатиот руски астролог Тамара Глоба, за која велат дека ретко греши, тврди дека годинава на три хороскопски знаци се ќе им оди од рака- ќе имаат пари, среќа и ќе напредуваат.

Според Глоба, тоа се следниве хороскопски знаци:
РИБИ
Претставниците на овој знак ќе имаат голема среќа во 2021 година и се што ќе замислат ќе им се оствари. Ќе имаат живот што не можеле ни да си го замислат. Ѕвездите се на нивна страна, а Глоба им советува да дадат се од себе и да се потрудат да ги искористат приликите што ќе им се нудат. Таа вели да не чекаат работите да се случуваат сами од себе, туку да се потрудат и да вложат труд, кој сигурно ќе резултира со успех.
БИК
Во последните 10 години, ова ќе биде најнеобична година за претставниците на Бикот. Ќе бидат поштедени од лоши животни искушенија и ќе добијат можности да остварат се за што долго размислувале и посакувале. Пред Биковите се две можности: да продолжат да живеат според досегашниот шаблон или да го променат својот живот од корен.
ДЕВИЦА
Девиците конечно оваа година ќе ја пронајдат смислата на животот и се што им недостасувало за вистинска среќа. Некаде кон средината на 2021 година им се отвораат можности да ја сретнат сродната душа и да не бидат повеќе осамени. Саканата личност ќе има ја врати вербата во љубовта и самодовербата што отсекогаш им недостасувала. Оваа 2021 година, за Девиците дефинитивно ќе биде година во знак на љубовта и убавите доживувања.