Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Новогодишните празници значат семејно собирање, топол дом и прегратка.
Иако корона-кризата ни донесе сосема поинаков начин на функционирање, сепак од другата страна како никогаш досега ни ја покажа потребата на некого да му направиме да се чувствува убаво.
1. Не изоставувајте го украсувањето на вашиот дом
Иако можеби немате посебна новогодишна еуфорија, сепак ставањето на елка, сијалички и некој лампион може сосема да ви ја смени перспективата. Не си ја одземајте ни себеси, а ни на вашите блиски светкавата глетка, која всушност е предвесник дека можеби наредната година ќе светне многу поубаво.
2. Не се срамете да трчате низ домот и на вашите најблиски да им кажувате колку ги сакате
Ако во овој период, нешто му недостига на некој, тоа со сигурност е желбата да слушне дека е сакан. Оваа година можете и да си дозволите да бидете патетични, а без притоа тоа да изгледате патетично
3. Купете им мал подарок на саканите, како знак на внимание
Оваа година речиси никој и да нема добиено подарок. Скапите работи никому не му го ни привлекуваат вниманието, но мал детал со кој ќе му дадете значење на човекот кој го сакате за него ќе значи „враќање во нормалното време“. Дозволете му го тоа и самите ќе ја забележите насмевката не неговото лице.
4. Купете пиење и подгответе скромна новогодишна трпеза
Во овој период претходните години, речиси сите излегуваа со своите пријатели, колеги или роднини на пијалок пред Новата Година, со цел да ги „удрат чашите“ и да наздрават за изминатата година. Оваа година ако не сакате да наздравите за годината, сепак чаша пијалок ќе ве потсети дека ставате крај на годинава. И не заборавајте ја добрата „закуска“. Човекот е секогаш посреќен со полн стомак!