×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Бал фор Лајф загуби од МЗТ, сезоната ја завршуваат како втори на табелата

    05.05.2017 11:17 | KumanovoNews

    Кошаркарите на Бал фор Лајф ги завршија натпреварите во Третата кошаркарска лига. Вчера тие загубија од МЗТ Скопје со резултат 94-73.

    Бал фор Лајф загуби од МЗТ, сезоната ја завршуваат како втори на табелата

    Вчерашниот натпревар се играше за престиж, и победикот го освои првото место на табелата. Кумановскиот состав беше конкурентен во текот на целиот натпревар а нееднаквиот судиски критериум беше непремостива пречка за Бал фор Лајф и тимот целосно падна во последниот период. Филип Стојановски беше најефикасен во тимот на Бал фор Лајф со постигнати 17 поени.

    Од клубот изјавија дека се целосно задоволни од постигнатите резултати во оваа дебитантска сезона, и се надеваат на успех следната сезона во Втората кошаркарска лига.

    Бал фор Лајф ја заврши сезоната со 13 победи и 4 порази. Главен противник за втората позиција на табелата беше тимот на Овче Поле, но кумановци во директните меѓусебни дуели обезбедија пласман во повисок ранг. Сезоната ја стартуваа седум екипи, од кои првин Борец Баскет па подоцна и Кичево го одкажаа своето учество.

    Доколку за следната сезона нема одкажувања во Втората кошаркарска лига, Бал фор Лајф и МЗТ Скопје ќе им се приклучат на тимовите на Академија ФМП, Водњански Лисици, Карпош Соколи, Шкупи, Тетекс, Црн Дрим и Ангели.