×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Наградени најдобрите цртежи на конкурсот „Мојот имагинарен свет“

    25.04.2024 13:36 | Оливера Пешевска

    Во фоајето на Центарот за култура во Куманово беа врачени наградите на најдобрите ученици, кои учествуваа на ликовниот конкурс „Мојот имагинарен свет“.

    Наградени најдобрите цртежи на конкурсот „Мојот имагинарен свет“

    Конкурсот го организираше Центарот за култура, а беше наменет за сите ученици од средните и основните училишта во градот.

    Ова е второ издание на изложбата „Мојот имагинарен свет“.

    Од основните училишта наградени се: за освоено прво место Ангела Трајковска од „Браќа Миладиновци“ и нејзиниот ментор Марина Цветановска. Второ место освои Лела Пандиловска, ученичка во „Вук Караџиќ“ со менторот Марија Величковска, а третотто место и припадна на Резарта Ислами од „Наим Фрашери“ која творела под менторство на професорот Башким Ќерими.

    „Работев неколку дена, има ситни детали кои одзимаат повеќе време. На крајот додадов и златни светки, како и детали со златен молив, по сугестија на професорката Марина, па целиот цртеж дојде до полн израз. За сега не планирам да се насочувам кон уметноста, сакам да се запишам во Гимназија, за понатаму ќе видиме“, објасни првонаградената Ангела, ученичка во 9 одделение.

    Кај средношколците најуспешни се- првопласирана Џина Димковска од „Перо Наков“, која создавала под менторство на Милена Арсовска, на второ место се најде Мила Трајковска а на третто Анастасија Лефковска, двете ученички во   Гимназија „Гоце Делчев“ со професорката Тања Соларска.

    Сите пристигнати цртежи ги прегледал и оценувал Мирослав Величковиќ, познат кумановски сликар.

    „Навистина сме презадоволни од интересот, имаше пријавени 150 цртежи во двете категории- основни и средни училишта. Очекуваме и се надеваме дека ова изложба од следната година да стане традиционална, сигурни сме дека повторно ќе наидеме на добар одѕив кај вас, исто како и до сега. Ви посакувам да продолжите да го развивате својот талент и во училиштата и надвор од нив“, истакна директорот Сашо Тодоровски во своето обраќање.

    Целта на конкурсот е промоција на талентирани ученици, кои со помош на нивната имагинација и ликовни вештини креираат инвентивни ликовни решенија. Пропозициите налага делата да бидат изработени во формат на димензии блок 5, а техниката во која се работеше е молив, дрвени боички, туш во боја, водени бои, темперни и акрилни бои.