×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Денеска започнува Првата кошаркарска лига

    07.10.2017 14:25 | KumanovoNews

    Денеска во Спортската сала започнува кошаркарското првенство, каде што Куманово го пречекува тимот на Работнички.

    Денеска започнува Првата кошаркарска лига

    Реновираниот состав на Куманово уште на стартот на првенството ќе има сериозна задача да триумфира против тимот на Работнички, кој не ги крие големите амбиции и ќе се обиде оваа сезона да ја запре доминацијата на МЗТ Скопје Аеродром. Оваа сезона најквалитетното кошаркарско првенство брои 12 клубови. Утре се играат натпреварите помеѓу Струмица - АВ Охрид и Кожув - Блоктехна.  Во вторник се игра натпреварот помеѓу Пелистер и Шкупи, среда е резервирана за пресметката помеѓу Фени Индустри и Гостивар а во четврток се завршува првото коло со наптреварот помеѓу МЗТ Скопје и Карпош Соколи.

    Натпреварот Куманово - Работнички започнува во 19 часот.