500x100-1
18. 08. 2010 15:11

Два од два со Украина

Два од два со Украина

Кошаркарската репрезентација на Македонија во салата Борис Трајковски успеја да ја издвојува втората победа над репрезентацијата на Украина со резултат 71:55.

Нашата репрезентација до победата стигна потешко од очекуваното. Високите центри на Украина, и слабата реализација за 3 поени беа причина поради која игравме „тешко“ во првото полувреме, па резултатот да биде 35:29.

Сепак работите се сменија во второто полувреме. „Црвено-жолтите“ го поравија шутот од поле, и добрата игра во одбрана низ текот на целиот натпревар, резултираа со конечен резултат од 71:55. Како и последните натпревари, најдобар поединец беше Мекејлеб со 18, Антиќ 16, Гечевски 13, а кај Украина Лисчук со 11 а Лукашов и Печеров постигнаа 10 поени.

Со оваа победа Македонија направи уште еден чекор кон обезбедување на пласман на Европското Првенство ќе се одржи во Литванија. Следното гостување нашите репрезентативци го играат против Унгарија во петок, па на 23. против В.Британија во Скопје и 29. против Босна и Херцеговина во Сараево.