500x100-1
16. 02. 2018 14:35

Куманово засилен со Ѓекиќ ќе го напаѓа Купот

Куманово засилен со Ѓекиќ ќе го напаѓа Купот

Кошаркарскиот клуб Куманово денеска ги започнува натпреварите во Купот на Македонија. Денеска за противник ја имаат екипата на Гостивар.

Бранислав Ѓекиќ е старо-новиот кошаркар на Куманово. Кумановската публика го памети по клучните поени против Работнички кои обезбедија финале против МЗТ Скопје, а сега доаѓа ја зголеми ротацијата меѓу високите играчи.

Купот на Македонија започнува со натпреварот помеѓу Работнички и Карпош Соколи каде што бранителот на титулата е тотален аутсајдер на овој натпревар. Од 15:30 Блокотехна игра против АВ Охрид, од 18 часот „домаќинот“ Фени индустри игра против МЗТ Скопје, а денешниот ден завршува со натпреварот помеѓу Куманово и Гостивар.

Овие два тима оваа сезона одиграа еден натпревар каде што Куманово забележа тесна победа на гостински терен одкако успеаа да се вратат од петнаесет поени негатива. Дебитантот во Првата лига прикажува одлични игри и дефинитивно последниот натпрвар од програмата е најнеизвесниот од сите дуели закажани за денеска.

Победникот од овој дуел ќе игра против Работнички, додека од другата страна на ждребката се наоѓаат МЗТ, Фени, АВ Охрид и Блокотехна.