500x100-1
30. 09. 2019 14:48

Ракометарите на Куманово нерешено против Астарион

Ракометарите на Куманово нерешено против Астарион

Ракометарите на Куманово, вчера завршија со изедначен резултат против екипата на РК Астарион од Струмица, во рамките на второто коло од Првата машка ракометна лига 2019/20.

Овој натпревар заврши со резултат 21:21.

Во текот на првото полувреме на натпреварот, иако нашите ракометари се обидоа да постигнат повеќе голови, сепак резултатот беше изедначен со 8:8, додека пак на крајот на натпревароот со седмерец усепаја да изедначат.

Најмногу голови во текот на натпреварот постигнат: Влатко Тасевски со шест гола и  Милош Стошиќ со четири гола.

Ова е трет натпревар во рамките на Првата машка ракометна лига 2019/20м во кој Куманово нема забележано неуспех.

 Веќе на 12. октомври, МРК Куманово ќе игра против РК Алушoвски.