500x100-1
05. 11. 2019 15:41

ЖРК Куманово против Вардар ќе се бори да остане на првото место на табелата

ЖРК Куманово против Вардар ќе се бори да остане на првото место на табелата

Во рамките на осмото коло кумановските ракометарки во четврток ќе играат против екипата на Вардар, откако успеаја да постигнат седум победи од седум одиграни кола во Првата женска лига.

Натпреварот ќе се игра во СОУ „Перо Наков“ во Куманово, со почеток во 20 часот.

„Куманово ќе го угости ЖРК Вардар во обид да остане непоразен на стартот на домашното првенство во рамките од осмото коло од женската Суперлига“,- велат од клубот на ЖРК Куманово.

Тие, исто така додаваат и дека станува збор за посилна екипа, па затоа како и до сега, ќе го дадат својот максимум во играта.

До сега, во рамките на Првата женска лига, нашите ракометарки покажаа одлична игра со голема гол разлика против тимовите со кои играа во досегашниот дел од првенството.