×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Астрономијата интересна за учениците во „Наце Буѓони„

    16.03.2010 16:07 | KumanovoNews

     „Името на жената запишано на ѕвезденото небо„, беше насловена презентацијата што ја одржаа учениците и професорите по физика од Техничкото училиште „Наце Буѓони„, откако учествуваа на едукативни работилница организирана од природно-математичкиот Факултет и Астрономското друштво.

    Астрономијата интересна за учениците во „Наце Буѓони„

    2009 година беше прогласена за меѓународна година на Астрономијата.По тој повод Астрономско друштво реализираше бројни активности во кои учество зедоа и наши ученици.Ние како техничко училиште имаме допирни точки со оваа област, а голем број ученици веќе пројавуваат интерес и професионално да се занимамаат со оваа наука и да го насочат своето образование во тој правец - вели директорката Лидија Михајловска.

    20 ученици зедоа учество во проектот. Беше изработен и астрономски календар , со 12-те жени астрономки кои дале значаен придонес за развој на оваа научна област низ историјата.

    Учениците денеска низ оваа презентација,зборуваа за достигнувањата на жената која, во одредени историски периоди заробена во одредени канони на религијата и патријархатот не можела самостојно да се занимава со науката. Публиката може да слушне за нивните достигнувања во астронимијата- вели Жаклина Јанакиевска.

    Во училиштето „Наце Буѓони„ преку разни проекти се работи на анимирање на учениците за физиката и подговтување за упис на Факултетот по физика, каде бројот на студентите од година во година бележи опаѓање.