×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Автомобил удрил во запрега, повредени две момчиња

    27.04.2018 13:45 | KumanovoNews

    Две момчиња се повредени во сообраќајна несреќа во селото Липково, кога автомобил удрил во запрежна кола.

    Автомобил удрил во запрега, повредени две момчиња

    Сообраќајката се случила синоќа околу 20 часот, на регионалниот пат Куманово- Липково, кога патничко возило „Фолксваген Туарег“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Џ.А.(51) од с.Липково, удрило во запрежно возило во кое бил А.М. (17) од с.Лопате, кумановско и 14-годишник од С.Слупчане, општина Липково.

    Од ударот со повреди се здобиле двете лица од запрежното возило.  Тие биле пренесени во Ургентен центар Куманово. Кај А.М. биле констатирани телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување, додека кај 14-годишникот биле констатирани тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош бил префрлен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

     Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.