×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Цената на сировата вода е превисока за нас, реагира директорот на „Водовод“

    04.05.2018 13:58 | KumanovoNews

    Директорот на ЈП „Водовод“ Горан Стојковски, вели дека новата цена на сировата вода е превисока за нив, но се надева дека таа нема да влијае на зголемување на цената кон потрошувачите.

    Цената на сировата вода е превисока за нас, реагира директорот на „Водовод“

    Тој објаснува дека и покрај тоа што сировата вода ќе се намали за 2 денари тие не можат да ги намалат сметките кон граѓаните, затоа што досега водата ја наплаќале по 2.3 денари, а ја купувале по 6.4 денари.

    „Во нашата цена досега сировата вода ја купувавме по 6.4 денари а ја продаваме по 2.3 денари. Во овој момент ќе ја купуваме по 4.4 денари, што е некоја средина и она што ние го фактурираме кон конечниот потрошувач. Така да се надевам дека нема да дојде до зголемување на цената, односно барем да остане на исто ниво. Доколку има можност за намалување, цената ќе биде намалена“, - изјави Стојковски.

    „Водовод“ бараше цената на сировата вода да изнесува 2.2 денари, како што тоа било договорено со градоначалникот Димитриевски пред неколку месеци.

     „Цена од 2,5 денари со ДДВ е договорена од страна на предходниот претседател на управен одбор на Водостопанство Митко Костадинов и градоначалникот Димитриевски. Од моментот на договарање на оваа цена во кабинетот на градоначалникот прекинати се сите контакти од АД Водостопанство. Од кои причини јас не знам. После овој договор од Водостопанство ни е доставена цена од 5,4 денари, која ние ја обжаливме, ургиравме, и по брзата реакција на Владата договорена е цена од 4,4 денари, која е пак највисока во Македонија“, - додава Стојковски.

    Според директорот, цената на водата се одредува по методологија која е наметната од ЕУ, а за пресметка е земена цената од 6.4 денари од 2016 година кога ја формирало предходното раководство на претпријатието предводено од ВМРО-ДПМНЕ,  и тоа не дозволува драстични промени при формирање на сегашната цена. Единствен начин да дојде до промена е да се прифати цената од 2,5 денари, по што ќе се создадат услови за промена на цената кон крајниот корисник.

     Стојковски вели дека конечната одлука за цената на водата ќе биде донесена на транспарентен начин со учество на Регулаторната комисија и Советот на Општина Куманово.

    За него е неприфатливо вкупниот годишен приход на Водостопанство од 39 милиони денари да се создава само од продажба на сирова вода на Водовод, а да не врши наплата од водокорисниците за наводнување на земјиштето во кумановско-липковскиот регион, како што покажувале извештаите за работа на претпријатието.