500x100-1
27. 08. 2010 16:51

Центарот за социјално со нов директор?

Центарот за социјално со нов директор?

Според чаршиските муабети  Даниел Живачки има најмногу шанси да ја завземе раководната функција, поради подршката на висок партиски функционер.

Кумановското социјално ќе добие нов директор. Како што неофицијално дознаваме деновиве од функција е разрешена досегашната в.д. директорка Гордана Стојановска и се чека назначување на нов раководител. Во меѓувреме завршил конкурсот за вработување на директор, на кој се јавиле Даниел Живачки и Соња Арсовска, вработени во центарот.

Според чаршиските муабети Живачки има најмногу шанси да ја завземе раководната функција, поради подршката на одреден партиски функционер. Досегашната в.д. директорка Стојановска е на годишен одмор, па во Центарот главна тема за вработените е доаѓањето на новиот директор.