500x100-1
14. 12. 2018 12:11

Да се постават семафори за мерење на загадениот воздух, препорачуваат екологистите

Да се постават семафори за мерење на загадениот воздух, препорачуваат екологистите

Локалната самоуправа да набави инструменти за мерење на загаденоста на воздухот во градот, препорачаа екологистите на трибината за загадување на воздухот, што неодамна ја организираше Советот на Општина Куманово.

Во своето излагање професор доктор Живко Давчев од Факултетот за земјоделство и исхрана, предочи дека загадувањето не се само ПМ 10 честичките, туку во воздухот има 170 состојки кои се многу полоши од нив.

Без овие инструменти не бива ништо. Исто така предлагам да се постават семафори за мерење на загаденоста на одредени локации во градот, по главните улици. Да видат граѓаните колку е загадувањето, бидејќи тоа е доста корисна информација. Па јас можеби во десниот џеб ќе си носам маска па ќе ја ставам  да се заштитам од загадувањето или тоа ќе ме натра да не го возам својот автомобил, - кажа професорот Давчев.

Покрај ова, екологистите сметаат дека општината треба да набави машина и опрема за спроведување на аеросолна метода, која подоцна би се користела за чистење на снег.


Да се постават семафори за мерење на загадениот воздух, препорачуваат екологистите